Европа
Туск: Да имаме трпение со Велика Британија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/Tusk.jpg)
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, смета дека лидерите на ЕУ треба да бидат трпеливи со Велика Британија кога станува збор за нејзината борба за добивање мнозинска поддршка за договорот за излез од блокот.
Туск ова го изјави кога британската премиерка, Тереза Мeј, денеска најави дека повторно ќе бара од ЕУ да го продолжи времето за преговори за брегзитот и дека ќе се обиде со лидерот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин, да го прекине застојот во кој западна процесoт во британскиот Парламент, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
„Дури и ако по денешниот ден, не знаеме кој ќе биде конечниот резултат, ајде да бидеме трпеливи“, напиша Туск на својот твитер-профил.
Британските пратеници ни синоќа не донесоа никаква одлука, поточно не успеаја да обезбедат мнозинство ниту за еден од четирите предлози за излез од кризата во врска со брегзитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Столтенберг: НАТО беше однапред информиран за одењето на Орбан во Москва
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/stoltenberg.jpg)
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека алијансата била однапред информирана за заминувањето на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во Москва на разговори со рускиот претседател, Владимир Путин.
Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека нема да го претставува НАТО, чиј член е Унгарија, во Москва, пренесува „Ројтерс“. Орбан рано денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со оваа посета ја продолжува мировната мисија откако неодамна го посети Киев, каде што разговараше со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Столтенберг рече и дека НАТО работи на подготовка на Украина за приклучување кон алијансата.
„Сè што правиме, правиме за да ја направиме Украина посилна и поподготвена да се приклучи на нашиот сојуз“, рече тој додавајќи дека очекува земјите членки да обезбедат повеќе воздушна одбрана и муниција на Украина.
Столтенберг додаде дека Украина треба да одлучи, кои се прифатливите услови за мировни преговори. Од друга страна, според него, нема индиции дека Путин е подготвен за мир.
Европа
Кир Стармер официјално назначен за нов премиер на Обединетото Кралство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-05-141137.jpg)
Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање на новата влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.
Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.
„Кралот го прими уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати понудата“, соопшти Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“.
По Бакингемската палата, Стармер се упати кон Даунинг стрит, каде што се наоѓа седиштето на британската влада. На општите избори во ОК, Лабуристичката партија освои 410 од 650 места во долниот дом, со што стави крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.
Претходно денеска, сега веќе поранешниот премиер Риши Сунак му поднесе оставка на кралот Чарлс.
Европа
Сопругата на шпанскиот премиер на суд под обвинение за корупција и вршење влијание
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/begona-pedro-sancez.jpg)
Бегона Гомез, сопруга на шпанскиот премиер Педро Санчез, денеска се појави пред судот во Мадрид за да одговори на прашања поврзани со наводите за корупција и вршење влијание во случајот поради кој нејзиниот сопруг размислуваше да поднесе оставка во април.
Сослушувањето в петок е дел од прелиминарната истрага за тоа дали Гомез ја злоупотребила својата позиција како сопруга на премиерот за да влијае на своите деловни активности, соопшти судот пред сослушувањето.
Ниту Гомез ниту нејзиниот адвокат не разговараше со новинарите надвор од судницата пред Гомез да се појави зад затворени врати пред судијата, кој по неколку минути го одложи рочиштето за 19 јули.
Гомез јавно не го коментира случајот, но Санчез постојано остро ги отфрли обвинувањата против неговата сопруга велејќи дека тие се неосновани и оркестрирани од неговите десничарски политички ривали.