Свет
Туск: Драга Америка, почитувај ги своите сојузници

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, апелира до американскиот претседател Доналд Трамп да се сети кои се неговите сојузници додека се подготвува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Туск во порака до Трамп вели дека секогаш е убаво да се знае кој ти е стратешки партнер, а кој стратешки проблем. Со оглед дека Трамп постојано ги критикува НАТО-сојузниците дека не издвојуваат доволно за буџетите за одбрана, Туск го потсети дека Европејците на одбрана издвојуваат повеќе од Русија, односно толку колку што издвојува Кина.
Откако ја потпиша декларацијата за соработка меѓу ЕУ и НАТО, Туска побара од Европејците да ги зголемат издвојувањата како што ветиле, но рекол: „Драга Америка, почитувај ги своите сојузници зашто по сè, немате толку многу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британија: Сакаме палестинска државност, но, сега мора да се фокусираме на она што ќе го ублажи страдањето

Неколку британски влади изјавија дека формално ќе признаат палестинска држава „во догледно време“, без никогаш да прецизираат кога тоа би се случило, анализираат светските медиуми.
„Сакаме палестинска државност, но исто така сакаме да обезбедиме околности во кои такво долгорочно политичко решение може да има простор за развој“, изјави британскиот секретар за наука и технологија, Питер Кајл, за Скај њуз.
„Но, сега мора да се фокусираме на она што ќе го ублажи страдањето, а страдањето во Газа е екстремно, неоправдано и мора да биде наш приоритет“, додаде тој.
Неговите коментари дојдоа откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција има намера да признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември, потег што силно го осудија Израел и САД.
Во вчерашната изјава, британскиот премиер Кир Стармер рече дека државноста е „неотуѓиво право на палестинскиот народ“, повторувајќи го својот повик за прекин на огнот како неопходен чекор кон решение со две држави.
Зборувајќи за време на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи Дејвид Лами го повтори својот повик за прекин на огнот и ја опиша ситуацијата во Газа како „неодбранлива“.
Здравствените власти во Газа велат дека повеќе од сто луѓе починале од глад, повеќето од нив во последните недели.
Групите за човекови права велат дека масовното гладување се шири дури и додека тони храна и други залихи стојат недопрени на влезот во енклавата.
Фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

Украина работи на обезбедување на испорака на десет системи за воздушна одбрана „Патриот“, а исто така е важно системите веднаш да пристигнат со ракетите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што објави УНН.
„Имаме барање за десет системи. Ова го кажав јавно. Моментално работиме со партнери за да ги обезбедиме овие десет. Исто така, работиме на прашањето за ракетите, ги имаме“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде и дека САД ќе ѝ продадат системи „Патриот“ на Украина. Украина мора да најде средства за сите десет системи.
„Трамп, претседателот на САД, ќе ни ги пренесе системите, ќе ни ги продаде. Наша задача е да најдеме пари за сите десет системи. Би сакале веднаш да имаме пакет ракети за секој систем“, истакна претседателот.
Тој исто така истакна дека Германија моментално ја потврдила испораката на два системи „Патриот“, а Норвешка – еден.
„Официјално добив потврда од Германија за два системи, од Норвешка – еден. Сега работиме со холандски партнери“, додаде Зеленски.
Фото: принтскрин
Свет
12-годишно девојче се удави во Јадранското Море: нуркала со своите врсници и била единствената што не излегла на површина, ја барале со часови

12-годишно девојче се удавило во Јадранското Море на дел од брегот во централна Пескара, Италија.
Околностите на инцидентот сè уште се реконструираат, но според првите извештаи, девојчето нурнало во водата од јавната плажа заедно со уште две деца на нејзина возраст.
Само двајцата се вратиле на брегот.
Еден пливач забележал дека девојчето не е таму, кренал тревога и ги известил спасувачите.
Членови на крајбрежната стража, нуркачи од противпожарната служба, локалната полиција и амбулантни возила го пребарувале местото повеќе од два часа.
Интервенцијата на противпожарниот хеликоптер била клучна. Двајца нуркачи се спуштиле во водата, каде што телото на девојчето било пронајдено кратко потоа, откако доживеала срцев удар.
И покрај напорите да се реанимира на местото на настанот и за време на транспортот до болницата, ништо не можело да се направи за девојчето.
Таа починала кратко по пристигнувањето во болницата.