Свет
Уапсена жената која го украде лаптопот на Ненси Пелоси

Американската полиција ја уапси Рајли Џун Вилијамс (22) под сомнение дека украла лаптоп од канцеларијата на демократката Ненси Пелоси за време на немирите во Капитол.
Нејзиниот поранешен партнер изјавил дека Вилијамс имала намера да ги продаде податоците на руската разузнавачка служба, објави Би-Би-Си.
Пет лица беа убиени кога приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во седиштето на Конгресот на 6 јануари, кадешто пратениците се состанаа за да ја потврдат изборната победа на Џозеф Бајден.
Случајот со Вилијамс е една од над 200 тужби што се покренати откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Капитол.
Таа е уапсена вчера во Пенсилванија. Извори за CBS News изјавија дека им се предала на властите.
Според обвинението, таа „свесно влегла и останала во зградата со ограничен пристап без законско овластување, насилно влегла и правела неред во областа Капитол“.
Не се споменуваат обвинувања за податоци. Федералното биро за истраги сè уште ги проверува овие обвинувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавено е кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, соопшти Ватикан.
Погребот на папата ќе се одржи во сабота, со почеток во 10 часот, објави Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението за медиумите се истакнува дека погребната миса на римскиот епископ Франциско ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“.
Ватикан објави дека папата починал од мозочен удар што предизвикал кома и неповратна срцева слабост.
за неговата смрт пристигнуваат од целиот свет. Ватикан објави фотографија од папата Франциск во ковчег.
Свет
Германските католици се плашат од конзервативен папа: „Ризикот постои и не е мал“

Шефот на Централниот комитет на германските католици (ZdK) изрази надеж дека следниот папа ќе го продолжи наследството на отвореност што го следи папата Франциско, предупредувајќи дека изборот на конзервативна личност би можел да претставува предизвик за Црквата во Германија.
Претседателката на ЗдК, Ирма Штетер-Карп, за агенцијата ДПА изјави дека на Црквата ѝ е потребно лидерство способно да одговори на барањата на 21 век. Таа рече дека изборот на конзервативен папа веројатно би претставувал значаен предизвик за Католичката црква во Германија.
Таа предупреди на присуството на сили во рамките на Католичката црква кои сакаат да ја задржат свештеничката моќ и ја сметаат преголемата слобода за верниците за закана за единството на Црквата.
„Тој ризик постои и не е мал“, рече таа.
Анкетите постојано покажуваат дека мнозинството германски католици ги поддржуваат либералните реформи, вклучувајќи ги поголемите права за жените и промената на ставот на Црквата за сексуалниот морал.
Свет
Кина го егзекутира мажот кој го избоде јапонско дете до смрт

Кина погуби маж за убиство на 10-годишно јапонско момче во септември минатата година, соопшти јапонската амбасада во Пекинг, пренесува Би-би-си.
Жонг Чангчун беше осуден на смрт во јануари откако избоде момче кое одеше кон јапонско училиште во градот Шенжен, во југоисточна Кина.
Тој случај ги потресе двете земји и дополнително ги подигна дипломатските тензии, со сомневање дека станува збор за ксенофобичен напад.
„Јапонската влада го смета убиството на целосно невино дете за непростливо злосторство и на оваа егзекуција гледа со најголема сериозност“, се вели во соопштението на јапонската амбасада за Би-би-си.
„Поради овој инцидент, јапонската влада ќе продолжи да ги презема сите можни безбедносни мерки и силно ќе ја повика кинеската страна да ја обезбеди сигурноста на јапонските граѓани во Кина“, додаваат оттаму и појаснуваат дека за егзекуцијата биле информирани од кинеското Министерство за надворешни работи.