Свет
Уапсени родителите на тинејџерот кој изврши масакр во училиште во Мичиген
Џејмс и Џенифер Крамбли, родители на 15-годишниот Итан кој уби четворица ученици и рани седум други во масовно пукање во средно училиште во сојузната држава Мичиген, се уапсени откако нивниот автомобил бил забележан во Детроит, пренесува „Вашингтон пост“.
Тие се обвинети по четири точки од обвинението, а четири дена пред крвопролевањето Џејмс Крамбли, заедно со неговиот син, купил пиштол со кој Итан го изврши масакрот.
Возило кое одговара на описот на црниот автомобил Киа Селтос, управуван од брачниот пар Крамбли, е пронајдено во Детроит, на шеесетина километри од Оксфорд, местото на смртоносното пукање, соопштила полицијата.
Полицијата ги уапсила Џејмс и Џенифер, кои се товарат за убиство од небрежност, а нивното возило го забележал сопственикот на локалната компанија. Пријавено е дека жената побегнала пеш откако полицијата добила дојава за сомнителен автомобил. Двојката ќе биде пренесена во затворот во округот Окленд.
По обвинувањата за убиство од небрежност, обвинителката на округот Оукленд, Карен Мекдоналд, споделила застрашувачки нови детали за однесувањето на родителите на Итан.
На денот на пукањето, Џејмс и Џенифер Крамбли биле поканети на разговор во училиштето поради загрижувачкото однесување на нивниот син. Имено, наставничката на бирото на Итан пронашла цртеж со пиштол, раскрварена личност и порака „Помогни ми“.
Крембли се спротивставиле на идејата нивниот син да го напушти училиштето, па наместо тоа, Итан се вратил на час со својот ранец во кој го скрил пиштолот, кој претходно никој не го прегледал. Неполни три часа подоцна била повикана брза помош поради пукање во училиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.
Свет
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.
Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.
Двајца полковници обвинети за предавство
Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.
Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.