Свет
Уапсени тројца членови на кралското семејство во Саудиска Арабија, подготвувале државен удар

Тројца членови на кралското семејство во Саудиска Арабија се уапсени под обвинение за наводен обид за државен удар.
Станува збор за помладиот брат на кралот Салман, принцот Ахмед бин Абдулазиз, внукот на кралот Мухамед бин Најеф и неговиот син, принцот Науаф бин Најеф.
Мухамед бин Најеф беше министер за внатрешни работи до 2017 година кога е уапсен и е ставен во куќен притвор, додека принцот Ахмед бин Абдулазиз, е еден од последните синови на основачот на државата, крал Абдулазиз.
Престолонаследникот Мухамед бин Салман, син на кралот Салман, во државниот удар во 2017 година го собори својот роднина Мухамед бин Најеф, а подоцна уапси неколку членови на кралското семејство во антикорупциската кампања, пренесе „Ројтерс“.
Уапсениот принц Ахмед е познат по тоа што ги критикува саудиските власти додека е во странство и како еден од тројцата членови на Советот, кој беше против пренесувањето на власта на принцот Мухамед во 2017 година.
Тој и Мухамед бин Најеф се уапсени во своите домови и се обвинети за предавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025
Свет
Израел: Нападнавме десетици воени цели, вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади преку ноќ, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони.
Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран.
Во текот на ноќта, ИДФ, исто така, објави дека Иран извршил напади врз Израел, при што се регистрирани напади на југот од земјата.
Иран досега не се огласил за овие напади.
Свет
Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад Иран во неговиот конфликт со Израел, објави Анадолија.
„Хезболах и Исламскиот отпор не се неутрални кон легитимните права и независност на Иран и лагите на Америка, нејзината агресија, заедно со канцерогениот тумор на Израел и арогантните сили“, рече Касем во изјава на Телеграм.
„Ние стоиме зад Иран во лицето на оваа глобална неправда затоа што се залагаме за нашата независност, ослободувањето на нашата земја и слободата на нашите одлуки и избори“, додаде тој.
Лидерот на Хезболах додаде дека групата не е неутрална и затоа стои зад Иран, неговото раководство и неговиот народ.
„И ние ќе дејствуваме како што сметаме дека е соодветно во услови на оваа брутална израелско-американска агресија“, рече тој.
Конфликтот започна во петок кога Израел започна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, поттикнувајќи го Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека оттогаш, најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.
Во Иран, според извештаите на иранските медиуми, 585 лица се убиени во израелските напади, а повеќе од 1.300 се ранети.