Свет
Уапсен авторот на книгата за економската политика на египетската влада

Египетската полиција го уапси Абдул Калик Фарук, автор на книгата за економијата на земјата „Дали Египет навистина е сиромашна земја“, обвинувајќи го за објавување лажни информации во книгата, потврдија неговата сопруга и безбедносни извори денес.
Economist, Abdul Khaliq Farouk, about the Development plan announced by Sisi: "unrealistichttps://t.co/gwrKcUig4j pic.twitter.com/ahRP835Lzp
— Egyptian Eyes (@Egyptian_Eyes1) February 23, 2016
Тој беше уапсен во неделата, а неговото апсење дојде кога локалните медиуми објавија дека властите го одзеле од издавачите ракописот на книгата во која Фарук ја критикува економската политика на владата.
Безбедносните извори велат дека Фарук бил уапсен и однесен на испитување кај обвинителот, а неговата сопруга изјавила дека тројцата полицајци, кои го уапсиле писателот, рекле дека апсењето е поврзано со книгата. Подоцна не ѝ беше дозволено на сопругот во притвор да му однесе храна, лекови и обувки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Туск: Полска е побезбедна кога Украина може да се одбрани

Суверена, прозападна Украина, која може да се брани, значи и посилна и побезбедна Полска, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина.
„Во политичките превирања и растечкиот хаос, тоа значи најмногу. Кој ја доведува во прашање оваа очигледна вистина, придонесува за триумфот на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Туск на платформата Х, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Врноски, денеска изјави за новинарите дека Трамп ја донел одлуката да ја прекине помошта за Украина без да се консултира со сојузниците.
Свет
Кина пронајде извори на енергија доволни за 60.000 години

Кина објави дека направила голем чекор во потрагата по одржливи извори на енергија со откритието што може да го промени глобалниот енергетски пејсаж.
Имено, во рударскиот комплекс Бајан Обо, едно од најважните наоѓалишта на ретки минерали во светот, геолозите идентификувале огромни наоѓалишта на ториум – радиоактивен елемент кој, според експертите, би можел да ги задоволи енергетските потреби на Кина во следните 60.000 години. Ова откритие од дури милион тони ториум, многумина веќе го нарекуваат пресвртница во развојот на нуклеарната технологија и транзицијата кон чиста енергија.
Откритието доаѓа во време кога Кина забрзано бара алтернативни извори на енергија за да ја намали зависноста од јаглен, да го стабилизира снабдувањето и да ги намали емисиите на стакленички гасови.
Бидејќи областите богати со ториум се мапирани на дури 234 локации низ Кина, Пекинг одлучи да вложи напори во развојот на технологии кои би можеле да ја направат основа за идните нуклеарни централи.
Ториумот е радиоактивен елемент кој се наоѓа во природата во многу поголеми количини од ураниумот. Научниците го гледаа како можна замена за ураниум во нуклеарните реактори со децении, но само во последните неколку години имаше сериозни инвестиции во развојот на технологии кои би можеле да го користат. Главната предност на ториумот е тоа што може да произведе многу повеќе енергија од ураниумот – проценките сугерираат дека ториумот има до 500 пати поголем енергетски потенцијал од ураниум-232, кој вообичаено се користи во нуклеарните централи.
Реакторите со ториум произведуваат помалку радиоактивен отпад, се побезбедни и постабилни и носат помал ризик од топење на јадрото. Дополнително, отпадот што се создава со неговото распаѓање е радиоактивен за пократок временски период, така што проблемот со долгорочно складирање на нуклеарниот отпад е значително намален.
За разлика од ураниумот, ториумот не може лесно да се користи за производство на нуклеарно оружје, што го прави поприфатлив од безбедносна перспектива. Конечно, ториумот е пообилен, поевтин за екстракција, а депозитите се порамномерно распоредени низ светот.
Ториумот го има и во Европа, иако наоѓалиштата се помали од оние во Азија или Австралија. Во Европа најзастапен е во Норвешка, а значителни количини се откриени и во Финска, Шведска, Франција и Португалија.
Поголемиот дел од ториумот во Европа се наоѓа во форма на моназитни песоци, кои често се појавуваат заедно со руди од ретка земја и титаниум. Норвешка е особено интересна бидејќи нејзините наоѓалишта се поврзани со големи наоѓалишта на ретки минерали во јужниот дел на земјата.
Иако Европа во моментов нема големи проекти за развој на реактори за ториум како Кина, интересот за ториумот расте токму поради тоа што нуди можност за користење на домашните ресурси за сигурно и стабилно снабдување со енергија, без зависност од увоз на ураниум или фосилни горива.
Свет
Обединети нации: Итен апел за 11,2 милиони долари за помош на Уганда во борбата против еболата

Обединетите нации упатија итен апел да се соберат 11,2 милиони долари за помош на Уганда да се справи со избувнувањето на заразната болест ебола, од која досега починаа две лица.
Во денешното соопштение, ОН соопштија дека средствата ќе бидат доволни за покривање на одговорот на ебола од март до мај во седум области со висок ризик, објави Ројтерс.
„Целта е брзо да се спречи епидемијата и да се реши нејзиното влијание врз јавното здравје, како и поврзаните социо-економски животи на погодените луѓе“, рече Касонде Мвинга, претставник на Уганда во Светската здравствена организација (СЗО).
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја замрзне странската помош, а американското финансирање за здравствениот сектор на Уганда е намалено, со што е погоден буџетот за јавно здравје на земјата, според владини претставници.
Уганда прогласи епидемија на многу заразна и често смртоносна болест во јануари во главниот град Кампала и досега има регистрирано 10 случаи, по смртта на медицински работник во единствената болница за заразни болести во земјата, соопшти агенцијата.