Европа
Уапсен возачот на автомобилот што влета во толпа и усмрти едно лице во Берлин

Автомобилот што денеска влета во толпа во западен Берлин усмртил едно лице, а најмалку 30 се повредени, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на германски медиуми и портпаролот на противпожарната бригада.
Според тековните информации, возачот на возилото е уапсен.
„Се верува дека приведениот влетал во група луѓе. Засега не се знае дали се работи за несреќен случај или дали осомничениот имал намера да го изврши ова дело“, соопшти полицијата додавајќи дека осомничениот е приведен на местото на настанот, а пренесува „Ројтерс“.
Повеќе информации во моментот не се достапни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Поранешниот фудбалер Месут Озил влегува во политиката

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Реал Мадрид, Месут Озил, влезе во политиката. Пензионираниот германски играч за врска (36) е назначен во Централниот комитет за одлучување и управување на АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Озил, кој има турско потекло, беше критикуван во текот на неговата фудбалска кариера поради врските со Ердоган. Тој се повлече од германската репрезентација во 2018 година, откако фотографијата на која се среќава со турскиот претседател предизвика бура од реакции.
Рајнхард Гриндел, кој во тоа време беше на чело на Германскиот фудбалски сојуз, ги обвини играчите дека му дозволуваат на Ердоган да ги „експлоатира“ за политички цели. Некои германски политичари ја доведуваа во прашање лојалноста на Озил кон Германија, сугерирајќи дека тој треба да биде отстранет од репрезентацијата пред Светското првенство во 2018 година, Озил им одговори, обвинувајќи ги дека се расисти.
Поранешниот фудбалер се ожени летото 2019 година, а на свадбата гостин беше Ердоган. Ердоган е на чело на Турција повеќе од две децении – како премиер од 2003 година и претседател од 2014 година. Неговите критичари велат дека тој ја претвори Турција во автократија и ги поткопа човековите права.
Озил, кој го освои Светското првенство со Германија во 2014 година, го напушти Арсенал во турски Фенербахче во 2021 година, пред да се пресели во Истанбул Башакшехир во 2022 година, каде што се пензионираше една година подоцна.
Европа
Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога низ целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине војната во Украина, неговите сили го нападнаа Киев.
Русија ја гаѓаше украинската престолнина од воздух, повредувајќи една 44-годишна жена и оштетувајќи неколку куќи, според украинските власти.
Overnight, Putin’s forces attacked Ukraine with drones and cruise missiles, forcing Poland to launch its combat aircraft.
In Sumy, two Russian drones struck a busy residential area, injuring civilians. Kyiv Region was also hit. pic.twitter.com/nRCsUUEz1f
— KyivPost (@KyivPost) February 25, 2025
Целосниот опсег на нападот не беше веднаш јасен, но соседната членка на НАТО, Полска, ги подигна авионите за да обезбеди безбедност на воздухот.
Полски воени авиони рано утринава го прелетаа воздушниот простор на земјата за да ја зголеми безбедноста, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Преземените чекори се насочени кон обезбедување сигурност во регионите кои граничат со загрозените области“, соопшти Командата, пренесе Ројтерс.
Вонредна состојба претходно беше прогласена на целата територија на Украина.
Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.