Свет
Уапсен демонстрантот кој влезе во зградата на Конгресот носејќи рогови

Џејк Ангели, односно Џејкоб Ентони Чесли, демонстрантот кој предизвика големо внимание со својот изглед, а вo средата упадна во американскиот Конгрес, денеска е уапсен, пренесуваат американските медиуми.
Ангели доаѓа од Феникс, Аризона, и се наоѓаше на листата на полицијата на осомничени лица за упадот.
Тој се наоѓа во притвор, а се сомничи за свесно влегување и упад без законско овластување и за насилно однесување во американскиот Капитол. Пред федералниот суд во Феникс треба да се појави следната недела.
Ангели упадна во објектот гол до половината, а носеше наметка од крзно и рогови, што го направи еден од најфотографираните демонстранти. На лицето му беше исцртано американското знаме.
Тој признал дека е човекот од фотографиите во медиумите, а американската полиција соопшти дека изјавил оти „патувал со други патриоти од Аризона, поради повиците на Трамп сите патриоти да дојдат во Вашингтон на 6 јануари 2021“. Ангели одбил да каже што работи.
Ангели е еден од тројцата демонстранти кои се уапсени денеска, а во врска со насилните настани во Капитол за поддршка на претседателот во заминување Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) 27 уапсени во последните 24 часа во Лос Анџелес

Дваесет и седум лица беа уапсени во неделата додека демонстрантите повторно излегоа на улиците во центарот на Лос Анџелес како одговор на рациите на ICE и одлуката на Доналд Трамп да ја испрати Националната гарда во Калифорнија.
Десет лица беа уапсени од полицијата во Лос Анџелес, вклучувајќи едно лице кое наводно фрлило молотов коктел и друго кое беше обвинето дека возело мотоцикл низ полициска линија.
Калифорниската автопатска патрола уапси дополнителни 17 лица откако демонстрантите излегоа на автопатот 101 и го блокираа сообраќајот.
Други 29 лица беа уапсени во саботата затоа што одбија да се распрснат, изјави шефот на полицијата на Лос Анџелес, Џим Мекдонел.
Мекдонел рече дека лицата кои го предизвикале нарушувањето биле анархисти, а не демонстранти кои мирно протестирале претходно во текот на денот.
Свет
(Видео) Уапсен возач во Лос Анџелес: се обидел да прегази демонстранти

Возач е уапсен откако демонстрантите во центарот на Лос Анџелес почнале да го бркаат откако наводно се обидел да ги прегази со својот автомобил.
Возилото неколку пати свртило кон демонстрантите. Во еден момент, од автомобилот се слушнале звуци слични на истрели.
Amid the chaos in downtown Los Angeles, Sky 5 captured a couple of cars doing donuts, one vehicle led to a short pursuit with police. pic.twitter.com/C0BAAmPPG0
— KTLA (@KTLA) June 9, 2025
Полициски службеник од Лос Анџелес, изјави дека полицијата нема информации за можна пукотница и дека нема пријавени повредени.
At one point bystanders were attempting to stop the driver by throwing things to slow them down. pic.twitter.com/RELB9Eigro
— KTLA (@KTLA) June 9, 2025
Кога демонстрантите почнале да го бркаат возилото, тоа избегало, удрило во електричен столб и продолжило да бега. Полицискиот службеник додал дека возачот бил приведен од локалната полиција. Не е познато за што точно бил уапсен.
Свет
Илон Маск ги споделува објавите на Трамп: „Ова не се демонстранти, ова се бунтовници“

Илон Маск, чиј однос со поранешниот претседател Доналд Трамп се влоши минатата недела, сподели серија објави на платформата Икс во неделата навечер, пофалувајќи го одговорот на администрацијата на Трамп на протестите во Лос Анџелес.
— Elon Musk (@elonmusk) June 9, 2025
Технолошкиот милијардер објави снимка од екранот од објавата од платформата Truth Social на Трамп, во која претседателот рече дека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, „треба да им се извинат на луѓето од Лос Анџелес“.
„Ова не се демонстранти, ова се бунтовници. Запомнете, БЕЗ МАСКИ!“, напиша Трамп.
— Elon Musk (@elonmusk) June 9, 2025
Маск, исто така, сподели објава од потпретседателот Џеј Ди Венс, кој напиша на Икс дека Трамп „нема да толерира немири и насилство“ и дека „овој момент бара решително лидерство“. Маск покрај објавата додаде две американски знамиња.