Свет
Угледни Руси апелираат властите да го вратат телото на Навални на неговото семејство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/г-12.jpg)
Рускиот новинар, добитник на Нобеловата награда, Дмитриј Муратов, и балетската ѕвезда Михаил Баришников објавија видеа во кои ги повикуваат руските власти да му го вратат телото на опозицискиот лидер Алексеј Навални на неговото семејство, една недела по неговата смрт во затворска колонија.
„Само дајте ѝ го на Људмила синот“, рече Муратов додавајќи дека е непријатно да се зборува за тоа во земја која сѐ уште се смета себеси за христијанска.
Угледни Руси директно апелираа до рускиот претседател Владимир Путин да го врати телото на Навални на неговото семејство, пренесува „Еј-би-си њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Две лица се убиени, три ранети – хорор во САД за време на прославата на Денот на незавиноста
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/amerika-sad.jpg)
Две лица загинаа, а тројца се ранети во напад што се случи за време на прославата на Денот на независноста во Хантингтон Бич, во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти денеска локалната полиција.
Полицијата примила повик околу 23:15 часот во четвртокот за фатално пукање во округот Оринџ во Хантингтон Бич, објави USA Today.
Кога пристигнале на местото на инцидентот, полицајците пронашле „неколку жртви со тешки повреди“.
Полициската управа на Хантингтон Бич потврди дека две лица им подлегнале на повредите на местото на настанот и дека три се пренесени во болници со повреди кои не се опасни по живот.
Од полицијата додаваат дека досега е приведено едно лице.
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/krit-830x0.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
Украина го доби третиот противвоздушен систем Патриот од Германија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/patriot.jpg)
Украина го доби третиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Германија, соопшти германскиот амбасадор во Киев, Мартин Јегер.
Испораката следи по неколкумесечните повици Украина да добие опрема потребна за заштита на цивилите и инфраструктурата од руските воздушни напади, објави „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави претходно оваа година дека на неговата земја и се потребни дополнителни седум системи Патриот за да се заштити.
„Украинскиот екипаж ја заврши потребната обука во Германија за управување со системот Патриот“, изјави амбасадорот Јегер на социјалната мрежа Икс.
Киев посочи дека се надева оти ќе биде постигнат напредок во испораката на системите за противвоздушна одбрана на претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, кој почнува во вторник.
Висок претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека Киев се очекува да добие „добри вести“ на самитот.