Свет
Ужасни фотографии по руското гранатирање: згради срамнети со земја, се трага по преживеани
Украинските власти соопштија дека во руското гранатирање на украинските градови загинале 12 лица.
Во градот Умањ загинале 10 луѓе, а 18 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко.
Шефот на регионалната управа на Черкаси, Игор Табурц, изјави дека меѓу загинатите има и две 10-годишни деца. Клименко претходно изјави дека во нападот на реките Днепар загинала жена со тригодишно дете, а повредени се уште три лица.
Олена Зеленска, првата дама на Украина, објави неколку фотографии од станбена зграда погодена од руски проектил. Умањ се наоѓа на речиси 215 километри јужно од Киев.
Умань… Прицільним ракетним обстрілом росіяни знищили частину багатоповерхівки. Під завалами люди. Це настільки страшно, що здається паралельною реальністю. Бо ж не можуть люди так чинити з людьми. А росіяни – можуть. Мої співчуття рідним загиблих… Відплата неодмінно настане. pic.twitter.com/pYUJuSkd2f
— Олена Зеленська (@ZelenskaUA) April 28, 2023
„Русите намерно уништија дел од станбена зграда. Луѓето се под урнатините. Ова е толку страшно што изгледа како паралелна реалност. Луѓето не може да им го прават тоа на другите луѓе. Но, Русите можат. Моето сочувство до семејствата на жртвите. Одмаздата сигурно ќе дојде“, напиша таа.
Според Табурц, две лица се повредени во Украинка, во регионот на Киев.
Руските сили синоќа го гранатираа и Киев, а експлозии се слушнаа и во Кременчук и Полтава, во централна Украина и во Миколаив, на југот на земјата, пренесува „Интерфакс Украина“.
Командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, објави дека вооружените сили на Украина собориле 21 од вкупно 23 руски крстосувачки проектили, како и два беспилотни летала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

