Свет
Украдени лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници на „Инстаграм“
Платформата за споделување фотографии „Инстаграм“ вели дека се обидува да открие како биле украдени лични податоци од преку 50 милиони корисници, но и како тие завршиле во незаштитена база на податоци.
Меѓу податоците биле адреси на е-пошта и телефонски броеви од познати личности и „инфлуенсери.“
Базата на податоци е лоцирана во Мумбаи и е поврзана со компанија под името Chtrbox.
„Инстаграм“, платформа која е во сопственост на социјалната мрежа „Фејсбук“, изјави дека работи на случајот и се обидува да дознае како податоците стигнале таму.
„Го разгледуваме случајот за да откриеме дали споментатите податоци се преземени од ‘Инстаграм’ или од други извори. Работиме и со компанијата од Мумбаи, со цел да дознаеме како ги добиле поатоците и како истите испливале во јавност“, велат од „Инстаграм“.
Покрај адресите на е-пошта и телефонските броеви, овие информации содржеле и податоци за локациите на корисниците.
Базата на кои биле префрлени овие податоци била зачувана на сервер на Амазон, но истата не била заштитена со лозинка и на тој начин била откриена.
Chtrbox, пак, е маркетинг-компанија која сè уште не одговара на овие коментари, но ја отстрани базата на податоци.
Прибирањето податоци од профилите на „Инстаграм“ ги прекршува правилата и политиката на користење на мрежата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Златото надмина 5.000 долари за прв пат во историјата
Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи го својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии.
Зголемените тензии меѓу САД и Европската Унија околу Гренланд предизвикаа неизвесност на глобалните финансиски пазари минатата недела, па затоа цената на златото нагло порасна.
Утрово, сепак, таа се зајакна за уште 0,9 проценти, на 5.029 долари за унца.
Минатата година, цената на благородниот метал скокна за 64 проценти, благодарение на намалувањето на каматните стапки во САД, падот на девизниот курс на доларот, побарувачката од централните банки и рекордниот прилив на пари во фондовите.
„Проценуваме дека цената на унца злато би можела да достигне 6.400 долари оваа година, додека просечната цена би можела да биде 5.375 долари“, изјави независниот аналитичар Рос Норман за Ројтерс.
Свет
(Видео) Потона траект на Филипините со повеќе од 350 луѓе
Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 28 се уште се водат како исчезнати откако филипински траект со повеќе од 350 патници и членови на екипажот потона покрај јужниот брег на земјата. Спасувачите спасија 316 лица од бродот MV Trisha Kerstin 3, објави Би-Би-Си.
Бродот, кој превезуваше патници и товар, пловел од Минданао, на јужниот копнен дел, кон островот Џоло на југозапад. Испратил повик за помош во 1:50 часот по локално време во понеделник. Властите соопштија дека ја истражуваат причината за потонувањето.
Tragedy at Sea: Ferry MV Trisha Kerstin 3 Sinks Off Basilan, Leaving 15 Dead and 28 Missing.
A passenger ferry carrying hundreds of people has sunk in the southern Philippines, claiming at least **15 lives** while rescue teams continue the desperate search for dozens still… pic.twitter.com/34WthuN9xM
— JAS (@JasADRxquisites) January 26, 2026
Портпаролката на Филипинската крајбрежна стража, Ноеми Кајабјаб, изјави дека некои преживеани пријавиле немирни услови на морето во тој момент. „Според некои преживеани, водите во областа биле немирни во тој момент“, рече таа во телевизиско интервју.
Во видео објавено на Фејсбук од гувернерот на Басилан, Муџив Хатаман, преживеани завиткани во ќебиња се видени како излегуваат од спасувачки брод.
Роналин Перез, вработена во итните случаи во Басилан, изјави дека спасувачите биле преоптоварени. „Спасувачите се преоптоварени од приливот на преживеани“, рече таа. „Вистинскиот предизвик е бројот на пациенти што доаѓаат. Во моментов ни недостасува персонал“.
Свет
(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака
Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион. Снегот продолжува да паѓа додека областа се соочува со најлошата снежна бура во последниве години, објави WABC.
Градоначалникот Зохран Мамдани беше виден како им помага на жителите да го расчистат снегот во Бруклин.
Video: Mayor Mamdani seen with a shovel assisting a car stuck in the snow in the Hasidic-populated neighborhood of Williamsburg. pic.twitter.com/UOZtpMwGGi
— Jacob N. Kornbluh (@jacobkornbluh) January 25, 2026
„Како што реков, ниедна задача не е преголема, ниту една работа не е премала. Среќен сум што можам да им подадам рака и да им помогнам на жителите на Њујорк. Останете безбедни!“, рече тој на социјалните мрежи.
Мамдани беше снимен како со лопата помага на автомобил заглавен во снегот.

