Европа
Украден камион со 160.000 колачиња

Крадци украле камион со 160.000 колачи прелиени со чоколадо, соопшти австриската компанија што ги произведува овие слатки.
Камионот, кој бил украден во текот на ноќта, бил натоварен со 33 палети од популарните колачи „шведенбомбонен“, прекриени со чоколадо и шлаг преку крцкава вафла.
Компанијата соопшти дека камионот бил лоциран со помош на ГПС јужно од Виена и во близина на границата со Унгарија, но дека неговиот товар исчезнал, пренесе АП.
Полицијата продолжува со истрагата за пронаоѓање на сторителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Судот на ЕУ одлучува дали фон дер Лајен требало да ги предаде пораките со шефот на „Фајзер“ на новинар

Судот на ЕУ денеска ќе одлучи дали Европската комисија имала право да ги сокрие од јавноста СМС-пораките разменети меѓу нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во пресрет на потпишувањето на договорот за набавка на вакцина против коронавирус.
Тужбата ја поднесоа „Њујорк тајмс“ и неговата дописничка Матина Стевис-Гриднеф, во која се тврди дека е прекршено правилото за транспарентност откако Комисијата одби да ги предаде текстуалните пораки по барање. Во април 2021 година, еден новинар откри дека фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“ размениле СМС-пораки пред потпишувањето на договорот за купување на вакцината.
Следната година, таа побара сите текстуални пораки разменети меѓу фон дер Лајен и Бурла помеѓу 1 јануари 2021 година и 11 мај 2022 година, според законското право за пристап до јавни документи на ЕУ.
Одбивањето од страна на Комисијата ја поттикна да го поднесе случајот до Европскиот суд на правдата, со поддршка на нејзиниот весник. Како што објави „Њујорк тајмс“, личниот контакт меѓу фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“ беше клучен за постигнување договор за купување вакцини во ЕУ во вредност од милијарди евра во екот на пандемијата.
Во пролетта 2021 година, Комисијата, во име на 27-те земји-членки на ЕУ, склучи договор вреден до 35 милијарди евра, доколку биде целосно имплементиран, за 1,8 милијарди дози од вакцината. Кога го отфрли барањето на новинарот, Комисијата тврдеше дека нема такви документи.
Справувањето со договорите за вакцини против коронавирус од страна на Комисијата предизвика критики. Во 2022 година, Европскиот омбудсман, независно тело, остро го осуди одговорот на Комисијата на барањата за пристап до текстови. Европскиот јавен обвинител моментално истражува и купување вакцини против коронавирус во ЕУ.
Европа
Русите тврдат дека Украинците го нападнале Белгород со дронови еден ден пред најавените преговори

Во серија украински напади со беспилотни летала врз регионот Белгород повредени се најмалку 16 лица, изјави денес гувернерот на регионот во југозападна Русија што граничи со Украина.
Меѓу повредените има лекар и болничар, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, во апликацијата за пораки Телеграм. Осум лица се хоспитализирани, додаде тој.
Руското Министерство за одбрана објави дека неговите единици уништиле 12 беспилотни летала лансирани од Украина преку ноќ, од кои три над Белгородската област. Министерството известува само за бројот на уништени дронови, а не колку биле лансирани од Украина.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди руските извештаи. Засега нема коментари од Украина. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во војната што Русија ја започна со инвазијата на Украина во 2022 година.
Европа
(Видео) Кремљ: Нашата делегација пристигна во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Кремљ сè уште не објави кој ќе ја сочинува руската делегација на претстојните преговори во Турција, велејќи дека ќе го објави составот дури кога претседателот Владимир Путин „ќе смета дека е потребно“.
🤡The Russian delegation will be in Istanbul on May 15 and expects the Ukrainian side to arrive there, – Kremlin spokesman Peskov pic.twitter.com/ZWpInh9ag3
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) May 13, 2025
Сепак, според информациите добиени од „Вашингтон пост“ од поранешен руски функционер, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.