Свет
Украина бара воена помош од Јужна Кореја за одбрана од Русија

Украинска делегација, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров, оваа недела ја посети Јужна Кореја за да побара воена помош за потребите на Киев во војната со Русија, јавуваат медиумите.
Делегацијата се состана со јужнокорејскиот советник за национална безбедност Шин Вон-сик за да разменат мислења за конфликтот во Украина, објави весникот ДонгА Илбо, без да наведе извор.
Исто така, Саут Чајна морнинг пост“ оваа недела објави дека украинска делегација планира да ја посети Јужна Кореја за да побара воена помош цитирајќи информиран извор, пишува „Ројтерс“.
На прашањето за овие извештаи официјален претставник од кабинетот на претседателот Џун одби да ги потврди. Портпаролот на Министерството за одбрана на Јужна Кореја исто така не го потврди доаѓањето на украинската делегација за време на редовниот брифинг во вторникот.
Во интервју за јужнокорејската телевизија КБС во октомври украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев ќе испрати детаљно барање до Сеул за воена поддршка, вклучувајќи артилерија и системи за противвоздушна одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел ја запре испораката на помош за Појасот Газа

Израел ја запре испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа поради, како што наведуваат израелските безбедносни власти, „очигледно прекршување на примирјето од страна на Хамас“, пренесоа агенциите.
„Трансферот на хуманитарна помош е стопиран до понатамошно известување“, изјавил израелски безбедносен претставник, пренесе „ДПА“. Израелската војска соопшти дека милитанти во неделата нападнале израелски војници на југот и северот на појасот, користејќи и противтенковска ракета.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху им наредил на војниците да преземат одлучни мерки против терористички цели, откако се појавиле извештаи за нападите.
Според Ројтерс, Нетанјаху ја донел одлуката по консултации со министерот за одбрана и безбедносните служби.
Хамас ги негираше нападите и го обвини Израел за кршење на примирјето и за „измислување изговори“ со цел да ги оправда своите акции.
Примирјето, што стапи во сила на 10 октомври, предвидуваше зголемена испорака на помош — до 600 камиони дневно — но по новите инциденти Израел целосно ја прекина испораката.
Свет
Руси: Започнавме со ослободување на градот Херсон

Владимир Салдо, нелегалниот руски гувернер на Херсонската област, изјави за ТАСС дека „руските вооружени сили започнаа со ослободувањето на Херсон од украинската армија“. Според него, „индустриската зона и викендичките на островите во долниот тек на реката веќе се под руска контрола“.
Нелегално прогласениот гувернер објасни дека неколку делови од градот се наоѓаат на левиот брег на реката Днепар и се под контрола на руските вооружени сили. Тој нагласи дека овие области се главно индустриски зони, а покрај тоа, „руската војска контролира голем број викендички“.
„На островите што се наоѓаат во долниот тек на Днепар, од Херсон па сè до Црното Море, има доста голем број летниковци. Сите тие се исто така под контрола на (руските) вооружени сили. Затоа, ослободувањето на самиот град Херсон веќе започна“, рече Салдо.
Тој изјави дека руските трупи ја контролираат индустриската зона Херсон на левиот брег на реката Днепар, како и населбите со дачи на островите во долниот тек на реката.
фото:илустрација
Свет
Трамп: Претседателот на Колумбија е нарко-бос

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави на социјалната мрежа Truth Social дека САД ја прекинуваат финансиската помош за Колумбија, долгогодишен американски сојузник, обвинувајќи го нејзиниот претседател дека одобрува производство на дрога.
Трамп рече дека левичарскиот претседател Густаво Петро не прави ништо за да го спречи производството на кокаин и покрај „големите плаќања и субвенции од САД“.
„Претседателот Густаво Петро од Колумбија е нелегален нарко-бос кој силно го поттикнува масовното производство на дрога, на големи и мали полиња, низ цела Колумбија. Тоа стана убедливо најголемиот бизнис во Колумбија, а Петро не прави ништо за да го спречи тоа, и покрај огромните плаќања и субвенции од Соединетите Американски Држави кои не се ништо повеќе од долгорочен грабеж на Америка.
Од денес, овие плаќања, или која било друга форма на плаќање или субвенции,веќе нема да се вршат во Колумбија. Целта на ова производство на дрога е да се продадат огромни количини од производот во Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи смрт, уништување и хаос. Петро, слабо оценет и многу непопуларен лидер, со нов, груб став кон Америка, подобро е веднаш да ги затвори овие полиња на смртта, или Соединетите Американски Држави ќе ги затворат за него, и нема да биде убаво. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“ објави Трамп на Truth Social.
Минатиот месец, Вашингтон објави дека го повлекува статусот на Колумбија како сојузник во борбата против дрогата.
По една деценија близок сојуз во таканаречената војна против дрогата, Трамп во септември го обвини Петро не само дека не успеал да го ограничи производството на кокаин, туку и дека го надгледувал неговото зголемување до „највисоки нивоа на сите времиња“, според потпишаната резолуција што Белата куќа ја испрати до Конгресот.
Колумбија возврати со запирање на купувањето оружје од САД, нивниот најголем воен партнер.