Свет
Украина бара од ЕУ што поскоро да ги воведе новите санкции против Русија

Киев ја повика Европската унија што е можно поскоро да го подготви единаесеттиот пакет санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина.
Портпаролот на МНР, Олех Николенко, изјави дека Киев е благодарен за досегашните мерки кои Брисел ги усвои, но дека десеттиот пакет, усвоен минатиот месец, не влијае на рускиот нуклеарен и ИТ сектор.
„Факт е дека Русија сè уште има пристап до огромни финансиски и технолошки ресурси“, рече Нихоленко, проценувајќи ја нивната вредност на стотици милиони долари.
Затоа, ова не е време да се намали притисокот од санкциите додека војната продолжува во срцето на Европа, рече тој.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, минатиот месец изјави дека Унијата ќе продолжи да воведува санкции кон Москва „се’ додека е потребно“.
Десеттиот пакет воведе построги ограничувања за извоз на стоки со двојна употреба, како и мерки против субјектите кои поддржуваат војна, шират пропаганда или снабдуваат беспилотни летала во Русија.
Рускиот нуклеарен сектор не е вклучен во десеттиот пакет поради противењето на некои од земјите-членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Намалено предупредувањето за Хаваите

Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, објави Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Ова значи дека постои можност за силни бранови, мали поплави и силни струи, но не се очекува големо цунами.
„Евакуираните можат да се вратат дома“, рече гувернерот на Хаваи, Џош Грин.
На луѓето им се советува да возат полека и да бидат безбедни, а воедно да внимаваат на поплави во некои области.
Според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, бран од 1,74 метри досега беше регистриран во Кахулуи, Мауи, додека бран од 1,5 метри беше регистриран во Хаила, Хаваи.
Свет
Земјотрес во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток во среда наутро во 11:24 по локално време. Наскоро, четири бранови цунами го погодија Северо-Курилск во руската Сахалинска област.
Сепак, до моментот кога првите бранови на цунамито стигнаа до Хаваите неколку часа подоцна, според локалното време таму, беше вторник вечер.
Тоа е затоа што брановите, во календарска смисла, се вратија „во минатото“.
Додека се движеле на исток, брановите oд цунамито ја преминале Меѓународната датумска линија, невидлива граница што го дели Тихиот Океан и разграничува еден ден од следниот.
Фото: Цунами во Русија по потресот
Свет
Земјотресoт во Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној во Камчатка, ослободува огромна количина на енергија.
За споредба, атомската бомба фрлена врз Хирошима ослободи околу 15 килотони енергија од ТНТ (тоа се околу 6,3 × 10¹³ џули).
Земјотрес со јачина од 8,8 степени ослободува приближно 1×10¹⁸ џули енергија.
Ако го поделиме тоа: 6,3×10131×1018≈15.873
Значи, земјотресот со јачина од 8,8 степени бил приближно 15.800 пати посилен (во однос на ослободената енергија) од атомската бомба фрлена врз Хирошима.