Свет
Украина и Русија го потпишаа договорот за извоз на жито
Русија и Украина потпишаа договор поддржан од ОН, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. На овој начин треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.
Пред потпишувањето на договорот кус говор одржа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Овој договор ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денес се појави светлина на надеж на Црното Море. Светло на олеснување за светот, што му треба повеќе од кога било“, рече тој.
Како што оцени, нема сомнеж, ова е договор за целиот свет. Ќе им донесе олеснување на земјите во развој, земјите на работ на банкрот, исто како и поранливите луѓе што живеат на работ на гладот. Ќе ги стабилизира глобалните цени на храната.
„Им благодарам на Русија и на Украина што ги надминаа сите пречки и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива, која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет“, рече генералниот секретар на ОН додавајќи: „Благосостојбата на човештвото ги водеше овие преговори. Прашањето не беше што е добро за едната страна, а што за другата. Фокусот беше на она што е најважно за светот“.
Потписниците на договорот – Русија, Украина, Турција и ОН – се надеваат дека договорот ќе овозможи извоз на жито и други основни производи, како што е сончогледово масло, од три блокирани украински пристаништа на Црното Море, вклучително и Одеса, без оглед на војната што беснее во остатокот од земјата.
ОН претходно предупредија дека блокирањето на извозот може да доведе до глобален глад.
Договорот се однесува и на слободниот премин на ѓубрива од руско производство, што е од клучно значење за обезбедување високи приноси на земјоделските култури сѐ со цел да се ублажи светската криза со храна предизвикана од рускиот напад на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

