Европа
Украина: Соборивме еден од најмоќните руски борбени авиони
Украинските одбранбени сили соборија руски ловец-бомбардер Су-34 во областа Луганск во источна Украина, изјави портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалиов.
Тој додаде дека рускиот авион Су-34 бил соборен на 29 јануари.
⚡️ Military: Ukraine downs Russian Su-34 jet over Luhansk Oblast.
Ukrainian air defenses shot down a Russian Su-34 jet over Luhansk Oblast on Jan. 29, said Andrii Kovalev, a spokesperson for the General Staff, on Jan. 30.https://t.co/qgWMgHKzg0
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) January 30, 2024
Уништувањето на авионот Су-34 е последното во неодамнешната серија на соборени руски авиони, вклучително и претходно во јануари воениот авион за набљудување Бериев А-50, најнапредниот и најмодерен руски ловец-бомбардер, чие производство наводно чинеше 330 милиони долари.
Истиот ден наводно бил оштетен и авионот Иљушин Ил-22. Овој напад ја означи најразорната загуба на руската авијација од почетокот на војната.
Ukrainian troops downed another Russian Su-34 bomber aircraft on 29 January, bringing the total of destroyed Russian fixed-wing assets to 332, Ukraine's General Staff says. https://t.co/Gz5x6FPY50
— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) January 30, 2024
Кон крајот на минатата година, Украина наводно го користела системот Патриот за да изврши заседа и уништи три руски ловци-бомбардери Су-34 во јужна Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.
Европа
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат обвинет за корупција: случајот го истражуваше и убиената новинарка
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, беше обвинет за корупција во врска со скандалот, кој го истражуваше и познатата новинарка Дафне Каруна Галиција. Како што пренесува „Гардијан“, освен за Мускат, обвинението е покренато и против гувернерите на Централната банка на Малта, како и против вицепремиерот. Тие се обвинети во врска со скандалот околу приватизацијата на болниците.
Мускат беше обвинет за примање мито, корупција во јавните служби и перење пари, соопшти агенцијата АФП. Обвиненијата против него ги нарече „фантазија и лаги“, тврдејќи дека е жртва на политичка одмазда.
Malta’s former prime minister charged with corruption over hospital scandal https://t.co/TpFy0DGNV4
— Guardian news (@guardiannews) May 9, 2024
Заедно со него беа обвинети и Крис Фарне, вицепремиер, кој требаше да биде следниот еврокомесар и Едвард Шикулна, поранешен министер за економија и актуелен гувернер на Централната банка на Малта. Тие се обвинети за измама и проневера.
Фарне, кој беше министер за здравство во времето на скандалот кога беше приватизирана болницата, рече дека „апсолутно нема сомнеж дека судот ќе утврди нешто друго освен неговата целосна невиност“. Шикулна не го коментираше обвинението, но претходно негираше дека направил нешто незаконско.
Се очекува дека ќе бидат обвинети уште најмалку двајца високи владини функционери. Обвинението е дел од долгорочната истрага за одлуката на лабуристичката влада од 2015 година, на чело со Мускат, управувањето со три јавни болници да го префрли на приватната компанија „Виталс глобал Хелткер“ како дел од зделката чија вредност се проценува. на четири милијарди евра.
🧵1⃣Last year, we launched the first in a series of investigations we’re supporting with research and investigation coordination: a deep dive into the financial flows in the Malta hospitals privatisation deal. Revisit reporting by our project partners ⬇️https://t.co/HPcKrXbJjJ
— Daphne Caruana Galizia Foundation (@daphnefdtn) April 30, 2024
За овој скандал информираше и Дафне Каруна Галиција, позната истражувачка новинарка од Малта, која беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година. Фондацијата формирана во нејзино име по смртта на новинарката објави дека оваа пресуда „докажува дека нејзиното истражување за наместена приватизација било точно“.
Смртта на Дафне Каруна Галиција предизвика голем шок на мирниот медитерански остров. Опсежната независна истрага во 2019 година покажа дека владата не учествувала во атентатот, но дека државата мора да сноси одговорност за создавање „култура на неказнивост“.