Свет
Украинска амбасада: Русија се подготвува да примени хемиско оружје на Донбас
Русија се подготвува да примени хемиско оружје на окупираната територија на Донбас, соопшти
Амбасада на Украина во Република Македонија. Руските тајни служби целат на значителен број на жртви меѓу цивилното население, брифирал претставникот на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина.
,,Според зборовите на Вадим Скибицки, военото разузнавање на Украина забележува низа знаци кои јасно укажуваат на подготовката од страна на Русија на диверзантско-терористички акт со примена на хемиски опасни отровни материи кој понатаму ќе биде претставен од руските пропагандисти како употреба на ,,хемиско оружје” од страна на украинските војници против жителите на окупираниот Донбас.
Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина утврди дека на окупираните територии на Донбас во средината на декември пристигна група на руските специалисти по хемиски борбени и отровни материи.На привремено окупираните територии противникот ја зголеми подготвеноста на руската окупаторска војска за дејства под услови на хемиското загадување. Од територијата на Русија донесени се најновите средства за лична заштита за личниот состав на групите 1 и 2АК на руската окупаторска војска кои се планираат да се искористат во борбени услови.
Со цел на создавање на јавното мислење поволно за неа, Москва повеќе од месец дена спроведува масовна информативна кампања за да ја обвини Украина за тајната подготовка на таквите дејства. Главната управа на разузнавачката служба констатира дека на сличен начин Русија одржа информативна операција пред имитацијата на хемискиот напад во Сирија на 24 ноември оваа година во регионот на Алепо, за да ги оправда понатамошните воздушни напади против сириските опозициски сили”, се додава во соопштението на Амбасада на Украина во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

