Европа
Украинскиот парламент одлучи дека територијалните отстапки не може да бидат услов за завршување на војната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zelenski.jpg)
Пратениците на долниот дом на украинскиот парламент вчера усвоија резолуција, со која се исклучуваат какви било територијални отстапки за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Законот укажува дека секакви територијални отстапки за ставање крај на конфликтот се неприфатливи“, се вели во соопштението на украинскиот парламент, објавено на социјалната мрежа „Телеграм“.
Високиот функционер на НАТО, Стијан Јенсен, пред неколку дена тврдеше дека Украина ќе мора да се откаже од дел од територијата што моментно ја контролира Русија доколку сака да се приклучи на НАТО и да обезбеди мир.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, беше внимателен во одговорите на прашањето што ќе треба да направи Украина за да стави крај на војната и рече дека оваа одлука зависи од неа.
За овие шпекулации за време на посетата на Данска се огласи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се пошегува дека во замена за мир и влез во НАТО, може да му даде само Белгород – руски град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Полска ги подигна борбените авиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/voeni-avioni-polska.jpg)
Полска ги подигна борбените авиони за да го заштити својот воздушен простор откако Русија го изврши најсмртоносниот напад оваа година врз Украина.
Авионите беа лансирани откако руските авиони „повторно почнаа да испалуваат проектили кон Украина“, соопшти полското воено воздухопловство на мрежата Икс.
Европа
Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на детска болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-160716.jpg)
Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство за време на ракетните напади што го погодија главниот град на Украина и оштетија детска болница.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на меѓународна осуда на Русија.
„Изненаден сум од сликите од бомбардирањето во Киев, кога беше погодена и детска болница. Тоа се воени злосторства кои мора да бидат осудени од целата меѓународна заедница“, напиша Тајани на X, додавајќи дека италијанската влада „ќе продолжи да го брани суверенитетот на Украина и нејзиниот народ“.
Бројот на загинати се искачи на 31
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи велат дека 17 лица загинале во главниот град Киев, од кои две во детската болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.
Европа
Орбан воведе придонеси за одбрана на банките и големите компании: „Мораме да ја зајакнеме армијата“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ungarska-armija.jpg)
Унгарската влада воведе обврска за банките, енергетиката и мултинационалните компании да плаќаат придонеси за финансирање на одбраната, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Унгарија во мај 2022 година воведе дополнителен данок на добивка од 2,8 отсто за банките, осигурителите, малопродажните и енергетските компании, телекомуникациите и авиокомпаниите велејќи дека ќе ги искористи приходите за поддршка на комуналните услуги и за финансирање на одбраната во услови на скокови на цените поради руската инвазија на Украина.
„Војната се одолжува, нема знаци на подобрување на политиката на санкции што ја спроведува Брисел и тоа ќе доведе до драстично зголемување на цените“, рече Орбан во мај 2022 година.
Унгарија ги регулира цените на енергенсите за домаќинствата, па комуналните претпријатија беа под притисок и мора „веднаш да ја зајакнат армијата“, рече унгарскиот премие додавајќи дека трошоците ќе се финансираат од данокот на дополнителна добивка што ќе се собира за 2022 година и 2023 година.
Во 2024 година даночната стапка на дополнителна добивка требаше да се намали од 2,8 на еден процент, при што владата забележа дека инвестициите и истражувањето ќе бидат услов.
Денеска, владата објави дека компаниите и оваа година ќе плаќаат дополнителен данок на добивка со стапка од 2,8 отсто, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас.