Свет
Украинскиот суд во Керсон му го продолжи притворот на новинарот Вишински до 28 декември
Судот во Керсон му го продолжи притворот на шефот на порталот „РИА Новости Украина“, Кирил Вишински, до 28 декември, изјави адвокатот Андриј Домански за „Спутник”.
На 15 мај Службата за безбедност на Украина (СБУ) влезе во канцеларијата на порталот во Киев и го уапси Вишински под сомнение за поддршка на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск, како и за предавство. На 17 мај судот во Керсон пресуди дека Вишински треба да биде притворен 60 дена без можност за кауција.
Во мај Кирил Вишински беше префрлен во јужниот украински град Керсон, каде што беше притворен со судски налог, кој подоцна беше продолжен до 4 ноември.
Притворањето на Вишински предизвика силна критика од страна на новинарите и групите за заштита на правата кои тврдат дека таквите постапки се неприфатливи во едно демократско општество.
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека апсењето на Вишински е политички мотивирано додавајќи дека инцидентот е пример за неприфатливата и без преседан политика на украинските власти насочени кон новинари кои само ги извршуваат своите работни задачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

