Свет
Украинските авиокомпании префрлаат авиони во странство – два пристигнуваат во Белград
Најголемата авиокомпанија во Украина – UIA (International Airlines of Ukraine) почна да ги повлекува авионите во странство по барање на закуподавците, пренесува avianews.com на својата веб-страница.
Според порталот што објавува вести за украинската авијација, шест авиони на таа авиокомпанија полетале од аеродромот „Бориспол“ во Киев кон аеродромите во Белград и градот Кастелон во Шпанија.
УИА објави дека на барање на закуподавецот испраќа пет авиони „боинг 737-800“ во Шпанија, а уште два авиона во Белград за планирано одржување на моторот.
Оваа ситуација настана затоа што осигурителните компании на 12 февруари најавија дека ќе престанат да ги покриваат ризиците за време на летот над Украина.
Според avianews.com, проблемот влијае на 23 авиони во флотата на три украински авиокомпании – MAU, SkiUp и Bees Airline.
На 13 февруари, за време на летот од Португалија за Киев, нискобуџетската авиокомпанија SkiUp мораше да го приземји авионот во Кишињев бидејќи сопственикот на авионот ѝ забранил на авиокомпанијата да влезе во воздушниот простор на Украина.
Украинската влада вчера издвои 16,6 милиони гривни (околу 592 милиона долари) за да гарантира продолжување на летањето во украинскиот воздушен простор, објави премиерот на таа земја, Денис Шмигал, откога некои западни авиокомпании објавија дека ќе престанат да летаат за Украина поради тензија со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

