Свет
Украински функционер: Разговорите Бајден-Зеленски не поминаа добро
Разговорот меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот „не помина добро“, изјави висок украински функционер за Си-Ен-Ен, бидејќи лидерите не се согласиле за „нивото на ризик“ од рускиот напад.
Сепак, Белата куќа ги оспори тврдењата на украинскиот функционер, предупредувајќи дека анонимни извори „шират лажни тврдења“.
Белата куќа соопшти дека Бајден го привлекол вниманието на Зеленски на фактот дека претстојната инвазија на Русија е „многу можна“.
За време на разговорот, за кој украинскиот функционер рече дека бил „долг и искрен“, Бајден го предупредил својот украински колега дека можеби е неизбежен руски напад, велејќи дека инвазијата сега е „речиси сигурна“, според официјалниот претставник.
Сепак, Зеленски го повтори ставот дека заканата од Русија е сè уште „опасна, но двосмислена“ и не е сигурен дали нападот навистина ќе се случи, додаде функционерот.
Зеленски во петокот вечерта рече дека не може да ја исклучи натамошната ескалација на тензиите со Русија, но рече и дека „Украина не е Титаник што тоне“ и го критикуваше Вашингтон за „преголема паника“ што ја оптоварува економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

