Свет
Унгарија ја поддржа кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО

Унгарија се откажа од противењето и му даде зелено светло на холандскиот премиер Марк Руте и неговата кандидатура за генерален секретар на НАТО, објави денеска холандскиот јавен сервис Нос, откако холандскиот премиер во заминување и неговиот унгарски колега Виктор Орбан се сретнаа на маргините на ЕУ лидерска средба во Брисел.
Со цел да го поддржи Руте, Унгарија имаше свои барања, меѓу кои беше и гаранција дека Унгарија нема да мора да обезбеди финансии за Украина или да испраќа свои војници во земјата разурната од војна. Условот што Столтенберг го исполни минатата недела, пренесува Ројтерс.
Оваа година, САД, Велика Британија, Франција и Германија ја поддржаа кандидатурата на Руте да го наследи Столтенберг, кој ќе се повлече од функцијата генерален секретар на НАТО во октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.