Свет
Орбан најави фабрика за производство на вакцини
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на земјата ѝ треба нов објект за да обезбеди стабилно домашно производство на вакцини и да произведе сопственa вакцина против Ковид-19, пренесува РТ.
Орбан тврди дека една сериозна земја не може да се потпре на добивање вакцини и други витални медицински материјали само од странство.
Унгарската влада нареди изградба на фабрика за вакцини во Дебрецин, која ќе биде доволно голема, што, ако унгарските научници развијат вакцина, ќе може да ја произведат во големи количества.
Универзитетот во Дебрецин (УД) потпиша договор со главната медицинска агенција на земјата да работи на создавање национална фабрика за вакцини, која ќе обезбеди стабилно снабдување со вакцини.
Министерот за човечки ресурси, Миклош Каслер, рече дека иницијативата ќе го рестартира производството на вакцини во Унгарија и ќе служи како центар за истражување на вакцините.
Шефицата на Нациоалниот центар за јавно здравје, Сесилија Мулер, објави претходно овој месец дека развиваат вакцина против Ковид-19, чиј механизам е сличен на вакцината против грип.
„Очигледно не можам да го кажам точниот датум однапред, но се надевам дека набргу ќе можеме да ја произведеме оваа вакцина“, рече таа.
Унгарските власти во повеќе наврати изразија незадоволство од темпото на распределба на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ од страна на Брисел посочувајќи дека стапката на вакцинација во ЕУ е помала во споредба со Велика Британија, САД и Израел.
Будимпешта вчера ги одобри за итна употреба руската вакцина „спутник В“ и вакцината развиена од „Оксфорд“ и „Астра зенека“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

