Европа
Унгарците ќе добијат лично писмо од Орбан за мигрантите
Секој жител на Унгарија ќе добие писмо од премиерот Виктор Орбан, во кое ги објаснува проимиграциските планови на ЕУ и зошто Будимпешта им се противи, најави портпаролот на владата, Золтан Ковач.
АП оцени дека унгарската влада ја зајакнува кампањата против раководството на ЕУ, со тоа што повторно обвинува дека се обидува да промовира масовна имиграција во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа
Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков.
„Нападот беше насочен кон еден од најголемите пазари во Харков, лоциран во областа Киевски, во близина на транспортната инфраструктура. Продавниците се во пламен. Засега нема информации за жртви“, објави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов на Телеграм.
Overnight, Russian drones destroyed Barabashovo Market in Kharkiv — one of the largest in Ukraine and Europe.
With casualties still being ascertained, countless trading pavilions have been reduced to ruins. pic.twitter.com/vuc3qQNh8L
— KyivPost (@KyivPost) February 6, 2025
Олех Синјехубов, шеф на воената управа на Харковската област, рече дека остатоци од дрон Шехид паднале врз продавниците на пазарот.
Пазарот Барабашов беше најголемиот пазар во источна Украина и 14-ти најголем пазар во светот. На 75 хектари посетителите можеа да најдат сè, од облека, електроника и покуќнина до свеж зеленчук, храна и земјоделски производи.
Tragedy in #Kharkiv: The ‘Barabashovo’ Market Destroyed 🤬🤬🤬🤬🤬
One of the largest markets in Ukraine and Europe has been reduced to ruins.
Rows of shops and dozens of pavilions were engulfed in flames. The third video captures the moment of the drone strike. pic.twitter.com/biUITvseQ1
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) February 6, 2025
Пазарот привлекува купувачи од Украина и од соседните земји поради големиот избор и пристапните цени.
Русите од почетокот на војната неколку пати го нападнаа пазарот. Во првите неколку месеци од инвазијата, беше гранатиран најмалку три пати. Големи делови од пазарот беа уништени, но трговците секој пат се враќаа.
Европа
Путин: Руските војници импресивно се борат во Курск
Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Александар Хинштајн, рече дека единиците на руските вооружени сили во регионот Курск се борат „импресивно, ефикасно и храбро“.
За време на средбата, Хинштајн му го претставил на Путин барањето на руската 155-та поморска бригада да добие почесно име по Курск. Путин потоа нагласи дека сите војници кои се борат во областа Курск ќе бидат соодветно одликувани.
„Навистина, маринците од Далечниот Исток се борат импресивно, ефикасно и храбро. На ист начин, и маринците од 810-та бригада на Црноморската флота, падобранците на 106-та дивизија, 76-та дивизија и многу други единици се борат на овој дел од фронтот, а сите ќе бидат пригодно одликувани“, најави Путин.
Путин нагласи дека барањето на 155-та морнаричка бригада ќе биде исполнето. „Со зборови на благодарност за се што прават за татковината“, додаде тој.
Украинските сили ја нападнаа областа Курск на почетокот на август минатата година и окупираа 400 квадратни километри територија во регионот. Во почетокот на ноември, руските сили започнаа голем контранапад.
Европа
(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите
Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата за производство на салами Ровањати, јавија италијанските медиуми.
Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла ја покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на земјиште во сопственост на семејството Ровањати.
VIDEO: Helicopter crashed in Parma, Italy, inside The property of the Castelguelfo castle https://t.co/P0chmMgBUx pic.twitter.com/1OE1Yqixsq
— Cedar News (@cedar_news) February 5, 2025
Според агенцијата Анса и дневниот весник Ла Стампа, една од трите жртви е 41-годишниот Лоренцо Ровањати, кој ја водел компанијата заедно со неговиот брат Феручи.
Компанијата вработува, според нивната веб-страница, повеќе од илјада луѓе ширум светот и има филијали во Белгија, Франција, Германија и САД.