Европа
УНДП: Штетите од земјотресот во Турција ќе надминат 100 милијарди долари
Штетата предизвикана од разорниот земјотрес во Турција на 6 февруари ќе надмине 100 милијарди долари, соопшти денеска Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Претставникот на УНДП, Луиза Винтон, преку видеоврска од Газијантеп рече дека „од претходните пресметки презентирани од владата и поддржани од меѓународните партнери јасно е дека штетата може да надмине 100 милијарди долари“.
Таа рече дека оваа прелиминарна бројка се користи како основа за донаторска конференција за собирање средства за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија во Брисел, која е планирана за 16 март, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Силен земјотрес ја погоди Турција
Силен земјотрес синоќа ја погоди Турција, а јачината била околу 4,4 степени според Рихтеровата скала, наведува ЕМСЦ.
Епицентарот е регистриран на длабочина од 7 километри во близина на Адијаман.
Американскиот USGS евидентира малку поинакви податоци. Тие наведуваат дека магнитудата била 4,3 степени според Рихтеровата скала и дека земјотресот се случил на длабочина од пет километри.
Засега нема информации за евентуални штети и повредени.
Европа
„Тесла“ се запали по несреќа во Франција, телата на четири лица изгореле до непрепознатливост
Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа во Франција, откако нивната „Тесла“ удрила во знак и се запалила, соопшти полицијата.
Полковникот Ерик Хоарау, портпарол на локалната полиција, изјави дека допрва треба да се утврдат точните околности за несреќата што се случи во саботата вечерта во близина на градот Ниорта и дека истрагата е во тек.
„Сè сугерира дека возилото излетало од патот“, рече Хоарау. Тој потврди дека нема сведоци, што ја отежнува истрагата, пренесува Анадолија.
Тој нагласи дека возачот и тројца сопатници изгореле до непрепознатливост. Тесла не одговори на барањето за коментар.
Европа
Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина
Околу 30.400 луѓе, меѓу кои речиси 8.000 деца, се евакуирани од областите што граничат со Украина поради гранатирање и напади, изјави рускиот комесар за човекови права.
Комесарката Татјана Москалкова во интервју за порталот Аргументи и Факти изјави дека сите евакуирани се сместени во речиси 1.000 центри за привремено сместување низ Русија.
Украина, која беше нападната од Русија во февруари 2022 година, возврати со гранатирање и напади врз руските погранични области, при што војската тврди дека нападите се насочени кон инфраструктурата клучна за воените напори на Москва.
Украинските сили уште во август започнаа напад и упаднаа во регионот Курск, преземајќи контрола над десетици места. Оттогаш, тие ги задржаа повеќето од нивните позиции.
Москалкова рече дека и се пожалиле дека сега не се знае каде се наоѓаат повеќе од 1.000 руски државјани на Курск и дека се верува дека биле однесени од украинските воени сили.