Свет
(Видео) Ураганот Идалија ја разори Флорида, без струја речиси половина милион луѓе, има загинати
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 400.000, останаа без струја поради ураганот Идалија, кој ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, јавува Си-ен-ен.
Еден човек загина кога врз него паднало дрво во округот Лоундес, Џорџија, изјави шерифот на округот, Ешли Полк, за Си-ен-ен.
Автопатската патрола на Флорида објави дека две лица загинале во сообраќајни несреќи за време на невремето, а гувернерот Рон де Сантис рече дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Category 4 Hurricane Idalia makes landfall in Florida bringing waves 12ft, tornado – hope it passes quickly🙏#Hurricane #HurricaneIdalia2023 #HurricanIdalia #earthquake #Idalia #IDALIAhurricane pic.twitter.com/hjOdIYPWLB
— Businessweek (@businessweek07) August 31, 2023
Нивото на водата во пристаништето Чарлстон, Јужна Каролина, ја надмина прогнозата од 2,6 метра и достигна 2,73, објави метеоролошката служба на платформата „Икс“.
Тоа е петтото највисоко ниво некогаш забележано и е само малку зад вредностите забележани во 2016 година.
Hope that everyone in florida is safe !
Prayers to all the affected people🙏#Hurricane #HurricaneIdalia #florida pic.twitter.com/zz4HVCHHlD— every_thing (@Memes_viral2) August 31, 2023
Невремето се очекува до вечерва да го зафати поголемиот дел од југоисточниот брег на САД, а Идалија сега стана тропска бура со брзина до 96 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.
Метеоролозите најавија дека денеска се очекува поплавување на крајбрежната област во американската држава Северна Каролина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.
Регион
Oдиме на избори, рече Радев откако и третата партија го врати мандатот за состав на влада
„Алијансата за права и слободи“ (АПС) го прифати третиот мандат, но потоа го врати, што значи дека Бугарија оди на нови предвремени избори.
„Не случајно избрав да ви го врачам третиот мандат на вашата пратеничка група. АПС беше подложена на сериозен притисок“, изјави претседателот Румен Радев на почетокот од средбата.
Според шефот на државата, токму АПС најдобро ги разбирала пороците на актуелниот модел на владеење.
Хајри Садаков, претседател на пратеничката група на АПС, му се заблагодари на претседателот за довербата да им го врачи третиот мандат.
„Ние изодевме еден многу сложен пат“, нагласи Садаков, додавајќи дека АПС го слушнала гласот на луѓето од плоштадите. Тој истакна дека токму АПС први го кренале гласот против појавата што се наѕирала.
„Одиме на избори“, констатира Радев, откако и третиот мандат се покажа како неуспешен.
Европа
Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани
Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.
Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.
„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.
Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.
Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.
Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.
Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.

