Свет
Уште еден американски дипломат на Куба жртва на чудни и мистериозни звуци
Уште еден американски дипломат, прв во последните десет месеци, бил жртва на мистериозниот здравствен инцидент што веќе го доживеаја дваесет и четири Американци на Куба, изјави синоќа Стејт департментот.
Станува збор за првиот медицински потврден случај во Хавана од август 2017 година. Бројот на Американци што доживеале ваков инцидент сега порасна на 25, изјави портпаролката на американската дипломатија пред новинарите во Вашингтон.
Најновиот случај бил дијагностициран по сеопфатни медицински тестови, но портпаролката кусо изјавила дека покажува симптоми слични со оние на другите 24 дипломати на служба на Куба. Дипломатот бил евакуиран од Хавана, но конкретните наоди од медицинските прегледи сè уште не се познати.
Најмалку уште еден вработен од американската влада ги имал истите симптоми во Кина поради што се зголемува таинственоста на звучните напади, како што беа наречени во САД. Засега не се знае причината, ниту предизвикувачот на ваквите здравствени инциденти на Куба и во Кина, а Стејт департментот во почетокот на јуни формира тела со надлежност да спроведат детаљна истрага.
Погодените дипломати имале симптоми слични на оние по потрес или полесни повреди на мозокот, особено главоболка, вртоглавица, бучење во ушите, когнитивни и визуелни нарушувања, губење на слухот, а во некои случаи и несоница и исцрпеност.
Нападите на Куба дополнително ги влошија и онака заладените односи меѓу Вашингтон и Хавана, а Американците ги обвинија кубанските власти дека не ја гарантирале безбедноста на нивните дипломати. САД потоа драстично го намалија бројот на дипломати на Куба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

