Свет
Фаучи: Луѓето што ќе се вакцинираат не треба да престанат да носат маски

Ентони Фаучи, водечкиот американски владин експерт за заразни болести, ги предупреди Американците кога фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека нивната вакцина има ефикасност од дури 95 %.
Фаучи во интервју за Си-ен-ен изјави дека која било вакцина против коронавирусот ќе биде дополнителен слој на заштита.
„Се разбира, со вакцина што има ефикасност поголема од 90 % можеме да се чувствуваме многу подобро. Но, јас сепак би им препорачал на луѓето, откога ќе бидат вакцинирани, да не ги отфрлаат другите мерки за заштита на јавното здравје, како што се миење раце, носење маски и држење растојание“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега, изјави Песков.
Обновувајќи ги разговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа лице в лице во Истанбул на 16 мај и на 2 јуни, што доведе до серија размени на затвореници и враќање на телата на загинатите војници.
Сепак, не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот за кој Украина се залага со поддршка од Западот. Русија вели дека сака конечно решение, а не само пауза во борбите, и инсистира на територијални и други барања за кои Украина вели дека би значеле капитулација.
Конфликтот се интензивираше во последните неколку недели, при што Русија изврши некои од своите најтешки воздушни напади во војната, а Украина користеше беспилотни летала за да ги изненади воздушните бази и нанесе голема штета на руската флота бомбардери способни да носат нуклеарно оружје.
Регион
БиХ ги евакуира своите граѓани и амбасадори од Израел и Иран

Властите на Босна и Херцеговина започнаа подготовки за евакуација на своите граѓани и дипломатски персонал, како и привремено затворање на амбасадите во разорените од војна Иран и Израел.
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на БиХ, шест граѓани на таа земја побарале конзуларна помош во Техеран, а уште двајца во Тел Авив, за да бидат евакуирани од овие земји. Тие додадоа дека со помош на меѓународни партнери се обидуваат да организираат безбедна евакуација на граѓаните.
Тие додадоа дека амбасадите немаат информации за повредени или убиени граѓани на оваа земја во ескалацијата на војната.
Вчера, Претседателството на Босна и Херцеговина, на вонредна седница, одлучи привремено да ги затвори амбасадите на БиХ во Иран и Израел и да го евакуира дипломатскиот персонал.
Во меѓувреме, помош за граѓаните во двете земји ќе обезбедат дипломатските и конзуларните претставништва во Република Турција, Кралството Јордан и Арапската Република Египет.
Европа
(Видео) Пропалестински активисти упаднаа во британска база, велат дека оштетиле два авиона

Пропалестински активисти упаднаа во воздухопловната база „РАФ Бриз Нортон“ и испрскаа два воени авиони со црвена боја. Снимките објавени на веб-страницата на „Палестинската акција“ покажуваат две лица во воздухопловната база во Оксфордшир.
Едно од лицата вози скутер до танкер за полнење гориво во воздух „ербас војаџер“ и се чини дека прска боја во неговиот млазен мотор. „Палестинската акција“ соопшти дека авионите за полнење гориво биле исклучени од употреба, а активистите успеале да ги избегнат обезбедувањето и апсењето.
BREAKING: Palestine Action break into RAF Brize Norton and damage two military aircrafts.
Flights depart daily from the base to RAF Akrotiri in Cyprus.
From Cyprus, British planes collect intelligence, refuel fighter jets and transport weapons to commit genocide in Gaza. pic.twitter.com/zzmFqGKW8N
— Palestine Action (@Pal_action) June 20, 2025
Британското Министерство за одбрана остро го осуди „вандализмот врз имотот на Кралските воздухопловни сили“ и изјави дека тесно соработува со полицијата, која го истражува инцидентот.
„Палестинската акција“ е вклучена во слични активности уште од почетокот на војната во Газа, а нејзините акции првенствено се насочени кон компаниите за оружје. Во мај групата ја презеде одговорноста за боењето на американски воен авион во Ирска со спреј.