Свет
„Фајзер“: Ефикасноста на третата доза од вакцината е 95,6%
Компанијата „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ денеска објавија дека податоците од испитувањата од трета фаза покажале висока ефикасност на третата доза на нивната вакцина против Ковид-19, дури и против делта-варијантата.
Тие наведуваат дека студијата направена на 10.000 учесници на возраст од 16 или повеќе години, покажала 95,6 проценти ефикасност во борбата против коронавирусот, во период кога преовладува делта-сојот.
„Фајзер“ посочува дека ефективноста на нивната вакцина која се дава во две дози опаѓа со текот на времето, повикувајќи се на студија која покажала 84 проценти ефикасност, од максимални 96 проценти, четири месеци по примањето на втората доза.
Некои земји веќе почнаа со планови за давање трета доза.
Компаниите изјавија дека средното време помеѓу примањето на втора и трета доза или плацебо, во студијата било околу 11 месеци, додавајќи дека имало само пет случаи на заболување со Ковид-19 во групата на трета доза, во споредба со 109 случаи во групата која примила плацебо.
„Овие резултати даваат дополнителен доказ за придобивките од третата доза, бидејќи сакаме да ги заштитиме луѓето од оваа болест“, рече извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.