Свет
„Фајненшл тајмс“: Фон дер Лајен го откажа состанокот со Стармер поради спорот за средствата за одбрана на ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на 30. конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP-30) во Бразил, објави „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на извори од Брисел.
Европската комисија објави дека состанокот не се одржал поради причини поврзани со распоредот, но лондонскиот весник наведе дека растечкиот спор за финансиското учество на Велика Британија во новите одбранбени програми на Европската Унија е исто така причина за откажувањето.
Според овие изјави, Стармер побарал разговор со претседателката на Комисијата за да изрази незадоволство од барањето на Брисел, Лондон да плати до 6,5 милијарди евра за учество во програмата за инвестиции во одбраната и дополнително распределување на средства во буџетот на ЕУ.
Портпаролот на британската влада изјави дека Обединетото Кралство ќе ги прифати само оние договори што „обезбедуваат вредност за Велика Британија и нејзината индустрија“, а во рамките на Унијата многу земји членки изразија загриженост за можноста Лондон да учествува во заеднички иницијативи без значителни финансиски обврски.
Британските медиуми исто така наведуваат дека на Стармер му е советувано да не патува премногу често во странство во иднина бидејќи се соочува со сè поголеми политички предизвици дома.
Рокот за аплицирање за учество во проектите SAFE истекува на 30 ноември и токму оваа програма е предмет на главниот спор меѓу Брисел и Лондон, според написите.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени
Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од нив се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка состојба.
Регионалниот лидер, Александар Бречалов, потврди дека нападот предизвикал материјална штета и жртви.
Ukraine 🇺🇦 has carried out one of its most high-value long-range strikes of the war, striking the Iskander ballistic missile production plant in Votkinsk, Russia
Flamingo cruise missiles flew ~1,300km from the frontline striking at least 1 of the 19 major facilities at the plant pic.twitter.com/axi3W9TRGU
— Ukraine Battle Map (@ukraine_map) February 21, 2026
Фабриката „Воткина“ е стратешко државно одбранбено претпријатие и една од најважните фабрики за ракети во Русија. Таа произведува балистички ракети со краток дострел „Искандер-М“, кои често се користат во напади врз Украина, како и интерконтинентални балистички ракети „Топол-М“. Фабриката е осомничена и за производство на новите руски ракети „Орешник“.
❗️An attack on a Russian missile plant in Votkinsk, Udmurtia, Russia.
1,400 km from the border with Ukraine.
The plant produces Iskander-M missiles, as well as Yars, Topol and Oreshnik missiles.
It is under US, EU, Japan, Switzerland, Ukraine sanctions. pic.twitter.com/vSdxJtFrmg
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 21, 2026
Според локални очевидци и украински воени блогери, нападот бил извршен со беспилотни летала и крстосувачки ракети „Фламинго“. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од експлозиите и големи облаци чад што се издигнуваат над фабриката. Жителите на Воткинск рекле дека слушнале најмалку три експлозии и зуење на беспилотни летала.
On Russian Telegram: Confirmation of a Flamingo strike
The plant producing "Iskanders" and "Orekhnik" was attacked in Udmurtia, — OSINT analysis by ASTRA
ASTRA analyzed eyewitness footage and concluded that the JSC "Votkinsk Plant" was hit during the night attack. The video… pic.twitter.com/MGb1AJch86
— Beefeater (@Beefeater_Fella) February 21, 2026
Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 77 украински беспилотни летала над повеќе региони, вклучувајќи го Крим и Азовското Море. Поради нападот, аеродромите во Ижевск и околните градови привремено ги прекинаа операциите.
💥 Strike hits Russian missile plant in Udmurtia.
Officials say the target was the Votkinsk Plant linked to production of Oreshnik and Iskander-M missiles. pic.twitter.com/M7f7ZE1hJZ
— UNITED24 Media (@United24media) February 21, 2026
Свет
Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд Трамп, ги воведе минатата година, нагласувајќи дека е добро да има контрола и рамнотежа во владеењето на правото и демократијата.
„Не е лошо да постои Врховен суд и владеење на правото во демократијата“, рече Макрон и додаде дека Франција ќе ги разгледа последиците од глобалните царини од 10 отсто што Трамп ги воведе синоќа, пренесува Ројтерс.
Доналд Трамп, пак, порача дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите по поништените царини и ги критикуваше судиите кои гласаа за укинување на мерките, нарекувајќи ги „нелојални“ и потенцијално под влијание на странски интереси. Тој исто така најави и отворање на истраги за заштита на САД од некоректни трговски практики на други земји и компании.
Свет
Трамп не планира да им враќа пари на компаниите поради укинувањето на царините
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите, откако Врховниот суд ги поништи царините што тој ги воведе минатата година за низа странски земји.
На конференцијата за новинари во Белата куќа, Трамп рече дека неговиот тим не предвидува поврат на средства и додаде дека верува оти случаите ќе завршат на суд во следните неколку години.
„Напишаа ужасна, погрешна одлука, скоро како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд наредните пет години“, рече Трамп.
Судот со шест гласа за и три против одлучи дека Трамп ги надминал своите овластувања кога го искористил Законот за вонредни федерални состојби од 1977 година (IEEPA) за воведување реципрочни глобални царини.
Американските увозници кои минатата година плаќале царини можеби ќе побараат поврат на средства од Агенцијата за царини и гранична заштита, што би можело да чини милијарди долари, иако дел од трошоците можеби веќе ги префрлиле на потрошувачите.
Трамп, исто така, предупреди дека земјите кои, според него, лошо постапувале кон САД ќе „платат цена за тоа“, додека оние кои биле „добри кон Америка“ ќе бидат „многу добро третирани“.
Без да даде конкретни докази, Трамп повтори дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд да ги укине царините.
„Мислам дека странските интереси ги претставуваат луѓе со големо влијание. Тие имаат големо влијание на Врховниот суд, дали преку страв, почит или пријателства, не знам. Но, ги познавам некои од луѓето од другата страна и не ми се допаѓаат. Мислам дека се вистински ѓаволи“, заклучи Трамп.

