Свет
ФБИ се вклучило во истрагата за „изборна кражба“ во САД?
Поради постојаните обвинувања за изборна кражба на претседателските избори во 2020 година, од страна на Доналд Трамп и неговиот правен тим, наводно ФБИ се вклучило во целиот случај. Според Спутник, Федералното биро за истраги побарало независни истражни досиеја со кои се докажува дека луѓе гласале во повеќе држави.
Конзервативниот законски непрофитен проект „Амистад“, заедно со проектот „Интегритет на изборот“ предводен од Мет Брејнард, поранешен аналитичар на податоци во кампањата на Трамп за 2016 година, собираат докази за наводна измама на гласачите од Демократската партија, што што се прегледуваат стотици илјади потенцијално „проблематични гласачки ливчиња“, а сега од ФБИ се заинтересирале за наодите од истрагата, пишуваат медиумите.
Мет Брејнард, кој неодамна објави дека неговата истрага дошла до докази дека луѓе гласале „во повеќе држави“, на 29 ноември на Твитер објави дека ФБИ „проактивно и директно“ побарало докази од истрагата.
Брејнард, водачот на тимот за податоците за кампањата на Трамп за 2016 година до неговото заминување во март истата година, рече дека во ФБИ има „многу патриоти“ кои сакаат да ги заштитат „Уставот, законот и редот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

