Свет
Федерер ја oдби Саудиска Арабија; расте притисокот тоа да го сторат Надал и Ѓоковиќ
Притисокот врз Саудиска Арабија расте поради убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен во конзулатот во Истанбул (2 октомври). Тој беше колумнист во „Вашингтон пост“, а неговиот грев беше што пишуваше критички за саудискиот принц.
Светот остана згрозен од страшното убиство, се разгледуваат разни санкции за оваа богата земја, а ни спортот не може да остане имун на овие ужасни настани.
Роже Федерер откри дека одбил да настапи на турнирот во спортскиот комплекс „Крал Абдула“ во Џеда на 22 декември. Не е познато зошто ја одбил понудата на Саудиска Арабија, но се претпоставува дека Швајцарецот, кој е голем хуманитарец, се солидаризира со светската јавност поради убиството на новинарот.

Но, другите двајца тениски великани Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ сè уште не и кажаа „не“ на Саудиска Арабија, иако „Амнести интернешнал3 јавно ги покани да го сторат тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

