Свет
„Фејсбук“ блокиран во Мјанмар поради повици за граѓанска непослушност
Новата воена влада во Мјанмар ја блокира социјалната мрежа „Фејсбук“ поради објавување повици за граѓанска непослушност по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.
Мобилниот оператор „Теленор Мјанмар“ преку соопштение потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации привремено да го блокираат „Фејсбук“.
„Фејсбук“ исто така ја потврди оваа информација.
Група демонстранти се собраа денеска во Мандалај во знак на протест против преземањето на власта од страна на армијата. Ова е прв протест откако армијата ја презеде власта во понеделникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: БРИКС не бара нова валута, туку заеднички инвестициски платформи
Членовите на БРИКС не разговараат за воспоставување заедничка валута, туку за создавање нови инвестициски платформи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Факт е дека во БРИКС не се зборува за создавање заедничка валута, ниту пак некогаш имало. Се зборува за создавање нови заеднички инвестициски платформи кои ќе овозможат заеднички инвестиции во трети земји“, рече Песков за новинарите во врска со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека земјите од БРИКС треба да се обврзат да не создаваат нова валута што ќе го замени американскиот долар.
Трамп рече дека САД, доколку дојде до тоа, ќе воведат царини од 100 отсто на тие земји, пренесува Танјуг.
Трамп, исто така, претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат замена за доларот како светска валута.
Свет
Таван падна врз глава на ученик: инцидент во училиште во Романија
Алармантен инцидент се случил во полициско училиште во Романија, кога таванот од спалната соба се срушил врз ученик додека се подготвувал за спиење, пренесуваат медиумите во регионот.
Младиот човек не се здобил со сериозни повреди.
За овој настан извести синдикатот Европол, кој на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа лошата состојба со инфраструктурата на институцијата.
Претставниците на синдикатот посочија дека реновирањето во училиштето е неквалитетно и го критикуваа ангажирањето на фирми кои имаат корист од јавните договори поддржани од политичарите.
„Реновирање за еднократна употреба во полициското училиште „Василе Ласкар“ во Кампина. Таванот падна врз главата на ученик додека се подготвуваше да спие. Проклетството на државните компании, кои добиваат јавни договори со поддршка од политичарите, нè следи насекаде “, се вели во описот на видеото.
„На студентите во иднина ќе им бидат обезбедени заштитни шлемови, за да се осигура дека неколкуте млади луѓе кои сè уште сакаат полициска кариера ќе дипломираат од образовните институции на полицијата здрави и фит“, се вели во пораката објавена на Интернет од Европол.
Инцидентот предизвика загриженост кај оние кои тврдат дека лошата инфраструктура може да ја загрози безбедноста на учениците, а од властите се очекува да преземат итни мерки за подобрување на ситуацијата.
Свет
Хамас ги објави имињата на израелските заложници што ќе бидат ослободени во сабота
Израел денеска потврди дека од Хамас ги добил имињата на тројцата заложници што утре треба да бидат ослободени од заробеништво.
Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека детален одговор ќе биде даден по проверка на списокот и информирање на семејствата, пренесува „Н12“.
Тројца мажи се очекува да бидат ослободени од заробеништво по завршувањето на ослободувањето на жените цивили и војници што ги држат Хамас и другите терористички организации во Појасот Газа.
По насилните инциденти за време на вчерашното ослободување на Арбел Јехуд и Гади Мозес, Израел побара од посредниците да спречат повторување слични сцени и насилство што ги загрозува животите на заложниците. Израел дури и го условува денешното отворање на преминот Рафа со тоа вакви инциденти да не се повторат.