Свет
„Фејсбук“ забрани профили на американски екстремни десничари

„Фејсбук“ го забрани профилот на Алекс Џонес и некои други контроверзни лица од крајната американска десница, поради кршење на правилата на оваа социјална мрежа за опасни поединци и организации.
Поголем дел од лицата чии профили се отстранети се популарни меѓу екстремните десничари, како што се коментаторите Мило Јанопулос, Лора Лумер и Пол Џозеф Ватсон.
„Фејсбук“ исто така ја забрани страницата на познатиот бел супрематист Пол Љулен, кој се кандидираше за конгресот во 2018 година, на лидерот на Исламската нација, Луис Фаракан, кој проповеда црнечки сепаратизам и ги нарекува Евреите „термити“.
Компанијата најави дека ќе ги отстрани сите профили, страници, групи и настани поврзани со забранети поединци, како на својата основна социјална мрежа, така и на апликацијата „Инстаграм“ за споделување фотографии. Во образложението се нагласува дека се забрануваат сите корисници кои промовираат насилство или омраза.
Но, „Фејсбук“ не ги спречи корисниците да ги фалат и поддржуваат забранетите поединци на своите платформи, како што претходно правеше за милитантните групи, како Исламска држава и Ал Каеда. Неколку часа откако му исчезна профилот, видеозаписите на Луис Фаракан и натаму беа видливи на „Инстаграм“ меѓу 17.000 постови, вклучително и видеа во кои ги брани своите описи на Евреите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.