Свет
„Фејсбук“ и „Инстаграм“ блокирале 115 профили поради изборите во САД
Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска објави дека во текот на вечрашниот ден и во текот на ноќта биле блокирани 115 фејсбук-профили поради постоење „сомнение за координирано неавтентично однесување” поврзано со странски групи кои се обидувале да влијаат на изборите.
Како што посочија од компанијата, тие изгасиле 30 фејсбук-профили и 85 инстаграм-профили и во моментов се врши нивно испитување, објави АП.
Компанијата „Фејсбук“ пристапила со бришње на профилите откако добила информации од американските официјални претставници за можното мешање на „странски лица” на изборите, напиша шефот на службата за сајбер-безбедност на компанија, Натанел Гличер.
Тој додаде дека компанијата ќе ја информира подетално јавност за тоа веднаш штом ќе се соберат повеќе податоци, вклучувајќи и информации за тоа дали блокираните профили се поврзани со Интернет-истражувачката агенција со седиште во Русија или други странски лица.
Како што посочи шефот на службата за сајбер-безбедност на „Фејсбук“, речиси сите блокирани профили се на руски или француски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

