Свет
Филипините ги отстрануваат кинеските бариери од Јужното Кинеско Море
Филипинските власти соопштија дека ќе ја отстранат бариерата поставена од кинеската стража за да спречат филипински чамци да влезат во тој дел од Јужното Кинеско Море.
„Го осудуваме поставувањето пловечки бариери од страна на кинеската крајбрежна стража. Со подигнување бариери, Народна Република Кина ги крши традиционалните риболовни права на нашите рибари“, изјави филипинскиот советник за национална безбедност, Едуардо Ано, пренесе АП.
Филипинските власти соопштија дека бариерата долга 300 метри на влезот во лагуната кај Скарборо Шол е „нелегална и нелегитимна“ и била поставена од бродовите на кинеската крајбрежна стража во петокот додека рибарски брод од филипинските власти им се приближувал.
LOOK | The Chinese coast guard deploys a ‘floating barrier’ in the South China Sea to prevent Filipino fishermen from entering and fishing in the contentious area.
The Philippines condemns this action and accuses China of denying its fishermen their livelihoods.
📷 PCG pic.twitter.com/sqs4doGvJB
— Newsline World (@Newsline_World) September 25, 2023
Ано во изјавата рече дека Филипините „ќе ги преземат сите соодветни активности за да ги отстранат бариерите и да ги заштитат правата на нашите рибари во таа област“.
Кина тврди дека има 90 отсто од Јужното Кинеско Море и делот што се преклопува со ексклузивните економски зони Виетнам, Малезија, Брунеи, Индонезија и Филипините.
Официјален Пекинг ја презеде контролата врз зоната Скарборо Шол во 2012 година и ги принуди рибарите од Филипините да патуваат на пооддалечени локации, каде што ловат помалку.
Меѓутоа, Кина им дозволи на филипинските рибари да ловат риба во областа Скарборо Шол во периодот кога билатералните односи со Филипините се подобруваа во времето на поранешниот претседател Родриго Дутерте.
Тензијата повторно ескалира кога минатата година на власт дојде новиот претседател на Филипините, Фердинанд Маркос Јуниор.
Филипинската крајбрежна стража и Бирото за рибарство и водни ресурси открија пловечка бариера долга околу 300 метри од Скарборо Шол за време на рутинска патрола во петокот.
Филипинските рибари велат дека Кина обично поставува такви бариери кога ги следи активностите на голем број рибарски бродови во областа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

