Европа
Финска ја затвора границата за руските туристи

Финска одлучи да ги затвори своите граници за руските туристи бидејќи воведува построг процес за виза што треба да стапи во сила на полноќ, објави во четвртокот тамошниот министер за надворешни работи придружувајќи им се на балтичките земји и на Полска.
Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хаависто, рече дека владата дејствувала побргу по експлозијата на гасоводот „Северен тек“, за што се верува дека е резултат на саботажа, и плановите на Москва да анектира четири украински региони по нелегалните референдуми.
Исклучоци важат за Русите што доаѓаат во Финска за да се сретнат со членовите на семејството, за работа или за медицинска нега.
Главната промена е што Русите повеќе нема да може да влегуваат во Финска како туристи или да патуваат понатаму во други земји од шенген-зоната од туристички причини.
Овој чекор се очекува да го намали бројот на Руси што ја преминуваат границата за 30 до 50 отсто, според финската новинска агенција СТТ.
Финска има исклучително долга граница со Русија, дури 1.340 километри.
Министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, ја поздрави одлуката на Финска посочувајќи дека Хелсинки ја усвоил оваа мерка во тесна соработка со Естонија, Латвија, Литванија и Полска и дека ќе ја подобри безбедноста во целиот регион.
На 19 септември Естонија, Летонија, Литванија и Полска веќе го ограничија влезот на Русите во земјата.
Потоа забранија влез на руски државјани со шенген-визи од туристички и деловни причини и поради спортски и културни настани, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин