Свет
„Фишер прајс“ повлече пет милиони релаксатори за бебиња поради смртни случаи
Проидводителот на играчки за деца „Фишер прајс“ повлече речиси пет милиони релаксатори „Рок ен плеј“ по извештаите за поврзаност на производот со десетици смртни случаи на бебиња, пренесе Би-би-си.
Повлекувањето беше објавено вчера од страна на Комисијата за безбедност на потрошувачите на САД. На својата веб-страница комисијата соопшти дека најмалку 30 новороденчиња починале во овие релаксатори од неговото пуштање во продажба во 2009 година.
Во соопштението, сопственикот на „Фишер прајс“, го потврди доброволното повлекување, но сепак стои зад безбдноста на своите производи.
Комисијата за безбедност на потрошувачите соопшти дека знаела за 10 смртни случаи, кои се случиле кога бебињата се стркалале од грб на стомак или на страна, додека не биле врзани. Сите 10 бебиња биле не постари од 3 месеци.
„Фишер прајс“ ги предупреди корисниците да престанат со користење на релаксаторот штом бебињата ќе почнат да се превртуваат.
„Додека продолжуваме со безбедноста на сите наши производи, со оглед на пријавените инциденти во кои производот се користеше спротивно на безбедностните предупредувања и инструкции, решивме заедно со Комисијата за безбедност на потрошувачите, дека ова доброволно повлекување на производот е најдобар чекор“ соопшти „Фишер прајс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.