Свет
Флорида се подготвува за ураганот, властите апелираа граѓаните да бидат снабдени со вода

Ураганот Исаја помина преку Бахамите, корнејќи дрва и бандери и продолжува да се движи кон бреговите на Флорида.
Во меѓувреме, Исаја ослабнал и сега е категоризиран како тропска бура, а не ураган.
Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис предупреди дека невремето, како што се движи кон Флорида, веројатно ќе се претвори во ураган.
Локалните власти наредија затворање на плажите, парковите и мобилни клиники за тестирање за Ковид-19.
Гувернерот де Сантис апелираше до граѓаните да се снабдат со вода и најави прекини во снабдувањето со електрична енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По една деценија потрага, војници случајно го пронајдоа автомобилот на исчезнатите Австријци

Десет години по исчезнувањето на Андреас Л. и Максимилијан Б. од австрискиот регион Милфиртел, чешките власти пронашле потопен автомобил со човечки остатоци во езерото Липно, кои најверојатно им припаѓаат на нив.
Возилото, сив „цитроен“, било откриено случајно од војници во близина на пристаниште. Полицијата потврди дека се работи за автомобил што се бара веќе една деценија, а остатоците се испратени на ДНК анализа.
Двојцата пријатели исчезнале во септември 2015 година, кога тргнале кон чешкиот град Виши Брод. Иако истрагата тогаш беше обемна, нивната судбина остана непозната – сè до ова откритие што, според полицијата, најверојатно ја затвора мистеријата.
Свет
ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

Европската унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година, со цел да стави крај на зависноста од Москва и финансирањето на нејзината војна.
Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави во Европскиот парламент дека Европа никогаш повеќе нема да дозволи енергијата да се користи како оружје и дека унијата нема да биде предмет на уцена ниту ќе го финансира, како што велат, путинoвиот воен апарат.
Според договорот, нови договори за руски гас нема да може да се склучуваат по 1 јануари 2026, краткорочните треба да завршат до јуни 2026, а долгорочните до 2028 година.
Одлуката доби квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ, иако против беа само Унгарија и Словачка, земји без излез на море.
Јоргенсен нагласи дека мерката е клучна за енергетската безбедност и конкурентноста на Европа, додавајќи дека ЕУ не треба да увезува „ниту капка руска нафта“ – дури ни по завршување на војната.
Свет
Трамп ѝ се закани на Шпанија поради ниските трошоци за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Шпанија дека не е тимски играч и се закани со казни и можни царини, поради тоа што Мадрид издвојува само 1,3 oтсто од БДП за одбраната, најмалку меѓу земјите на НАТО.
Трамп бара сојузниците да трошат најмалку 5 отсто од БДП за националната безбедност и предложи дури и исклучување на Шпанија од Алијансата.
И покрај остриот тон, во НАТО и Мадрид не се вознемирени. Високи воени извори велат дека претњата не се сфаќа сериозно, пишува „Политико“.
Министерката за одбрана Маргарита Роблес одговори дека Шпанија е доверлив и одговорен сојузник, потсетувајќи дека земјата 40 години е дел од НАТО и дека многу шпански војници го дале животот во меѓународни мисии.