Свет
Фокс: Веројатно ја напуштаме ЕУ без договор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/foks.jpg)
Британскиот министер за трговија, Лиами Фокс, соопшти дека Лондон најверојатно нема да постигне договор со Брисел за напуштање на Европската Унија до крајот на март следната година, кога е и крајниот рок Британија да го пушти блокот.
Во интервју за неделното издание на „Тајмс“, Фокс оценува дека шансите се приближно пола – пола, и за таквата состојба во која се најде земјата тој ги обвини официјалните претставници на ЕУ кои, како што рече, „ја притискаат Британија да излезе од Унијата без претходен договор”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Никола Саркози го критикуваше повикот на Макрон за предвремени избори, предупредува на „хаос“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gfd.jpg)
Поранешниот француски претседател Никола Саркози го критикуваше актуелниот претседател Емануел Макрон за распишувањето предвремени избори за парламентот, оценувајќи дека тоа претставува голем ризик за земјата и за претседателот.
Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, во интервју за „Журнал ди диманш“ изјави дека одлуката на Макрон може да ја турне земјата во „хаос“ од кој ќе биде тешко да се излезе, пренесува Еурактив.
Зборувајќи за лидерите на десницата, Саркози оцени дека лидерот на Националното собрание, Џордан Бардела е неискусен и дека ќе мора да го компензира недостатокот на искуство, бидејќи никогаш не бил во позиција да раководи со нешто и дека Ерик Чиоти, кој неодамна беше сменет од функцијата претседател на Републиканската партија (ЛР), требаше повеќе да се консултира со сопартијците.
Свет
Четири лица загинаа во одрон во кинеската провинција Фуџијан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/бгб.jpg)
Четири лица загинаа, а две се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во кинеската провинција Фуџијан, на југоистокот на земјата, јавува кинеската државна телевизија CCTV.
Обилните дождови кои започнаа во неделата попладне предизвикаа лизгање на земјиштето во кое се урнаа 378 куќи, пренесува Ројтерс.
Локалните власти ангажираа служби за итни случаи, а метеоролошката служба ги окарактеризираше врнежите како „екстремни“.
Свет
Истражување: Рекорден број луѓе во светот избегнуваат да следат вести
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/lkl.jpg)
Рекорден број луѓе ширум светот избегнуваат да ги следат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс на Универзитетот Оксфорд.
Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале овој одговор.
Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, наспроти 63 отсто во 2017 година, пренесува Би-би-си.