Европа
Фондацијата на Џорџ Сорос ја тужеше Унгарија

Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос соопшти дека е поднесена тужба пред Европскиот суд за човекови права и унгарскиот Уставен суд за неодамна воведениот закон насочен против невладините организации што работат со бегалци и со баратели на азил.
Џејмс Голдстон од Фондацијата „Отворено општество“ рекол дека правната постапка е поведена за да се спротивстави на законите чија цел е, како што вели, застрашување и замолчување на независните гласови во Унарија.
Законот беше усвоен во јуни и предвидува казна затвор од една година за луѓето што им помагаат на барателите на азил, а во јули со законот е воведена такса од 25 отсто на финансиската и друга помош од странство за групи или организации што ја промовираат миграцијата.
Фондацијата „Оворено општество“ поддржува некои од невладините организации што се цел на антимиграциската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена топка“, а аеродромот беше затворен до понатамошно известување. Нема официјални информации за жртви.
Crazy footage from the golf course, on which the plane taking off from Southend London airport appeared to crash.pic.twitter.com/d79o8xff8O
— Phil (@phil_from_NG) July 13, 2025
Несреќата се случила кратко пред 16 часот по локално време, а првичните извештаи сугерираат дека авионот долг 12 метри се запалил кратко по обидот за полетување.
🚨 BREAKING NEWS: A devastating plane crash occurred at London Southend Airport, UK.
A Beechcraft Super King Air light aircraft crashed and exploded into a massive fireball shortly after takeoff, Eyewitnesses described a horrific scene of black smoke and flames, prompting a… pic.twitter.com/9KrHzfgkeg
— Breaking News (@TheNewsTrending) July 13, 2025
Холандската компанија „Zeusch Aviation потврди дека нејзиниот лет SUZ1 бил вклучен во несреќата во Саутенд. Авионот претходно во текот на денот летал од Атина до Пула, а потоа до Саутенд, од каде што требало да продолжи кон својата база во Лелистад, Холандија.
Компанијата соопшти дека соработува со властите во истрагата и изрази сочувство.
Европа
ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето на цената на руската нафта, според извори.
Тие за Ројтерс изјавија дека сите елементи од новиот пакет се договорени, иако една земја остана воздржана во врска со новото ограничување на цените.
Изворите рекоа дека очекуваат договор да биде постигнат во понеделник, пред состанокот на европските министри за надворешни работи во Брисел еден ден подоцна, каде што тој ќе биде формално потврден.
Ројтерс објави дека е договорен механизам за динамично ограничување на цените. Европската комисија во петокот предложи променливо ограничување на цената на руската нафта на 15 проценти под просечната пазарна цена во претходните три месеци.
Еден од изворите рече дека почетното ограничување ќе биде 47 долари за барел, врз основа на просечната цена на руската нафта во последните 22 недели, намалена за 15 проценти. Цената ќе се ревидира на секои шест месеци.
Словачка, која бара гаранции од Европската комисија, загрижена поради планот за постепено прекинување на снабдувањето со руски гас, се согласи со новите мерки, велат изворите.
Усвојувањето на санкциите бара едногласна одлука од земјите-членки на ЕУ.
Европа
Американски генерал: Руската армија е поголема денес отколку кога ја започнаа војната во Украина

На НАТО ќе му требаат повеќе ракети со долг дострел во својот арсенал за да ја одврати Русија од напад врз Европа, бидејќи се очекува Москва да го зголеми производството на оружје со долг дострел, изјави американскиот генерал Џон Раферти за Ројтерс.
Ефикасната употреба на ракети со долг дострел од страна на Русија во војната во Украина ги убеди западните воени претставници за нивната важност за уништување на командни пунктови, транспортни центри и лансери за ракети длабоко зад непријателските линии.
„Руската војска е поголема денес отколку кога ја започнаа војната во Украина“, рече генерал-мајор Раферти во интервју во американската воена база во Висбаден, Германија. „Знаеме дека тие ќе продолжат да инвестираат во ракети со долг дострел и софистицирана воздушна одбрана. Затоа поголемите капацитети на алијансата се навистина, навистина важни.“
Војната во Украина ја истакна големата зависност на Европа од Соединетите Држави за снабдување со ракети со долг дострел, бидејќи Киев се обидува да ја зајакне својата воздушна одбрана.
Раферти неодамна го заврши својот мандат како командант на 56-та артилериска команда на американската армија во германскиот град Мајнц-Кастел, која се подготвува за привремено распоредување на американски ракети со долг дострел на европско тло од 2026 година.
На состанокот со американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во понеделник, се очекува германскиот министер за одбрана Борис Писториус да се обиде да разјасни дали ваквите распоредувања, договорени меѓу Берлин и Вашингтон кога Џо Бајден беше претседател, ќе бидат имплементирани сега кога Доналд Трамп се врати во Белата куќа.