Свет
Фон дер Лајен: Смртта на Синвар значително го ослабува Хамас
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за еден од главните организатори на нападите врз Израел минатата година, значително ќе го ослаби Хамас.
„Неговата смрт сигурно значително го ослабува Хамас“, изјави Фон дер Лајен на прес-конференција по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Таа го опиша Синвар како водач на терористичката организација, кој бил мозокот на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, пренесува „Политико“.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека Синвар е „одговорен за страдањата на луѓето во Газа поради неговите постапки“ како еден од главните организатори на нападот на Хамас врз Израел минатата година.
Фон дер Лајен и Мишел повикаа и на прекин на огнот во Појасот Газа, каде што, според процените на ОН, речиси два милиона луѓе се соочуваат со екстремно критични нивоа на глад како резултат на израелската воена офанзива.
Неколку западни лидери во четвртокот, по убиството на Синвар, повикаа на ослободување на заложниците и крај на војната во Појасот Газа и повторно го осудија нападот врз Израел на 7 октомври минатата година.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека нема да му недостига водачот на милитантите, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека земјата бара ослободување на сите заложници, кои сè уште се во Газа, пренесува „Танјуг“.
Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претседател на САД, Камала Харис, оцени дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа.
Хамас уби приближно 1.200 луѓе во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и зеде речиси 250 заложници во Појасот Газа по што Израел почна офанзива во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сопругот носел мажи во нивниот дом за да ја злоупотребуваат додека била без свест: Жижел Пелико објави мемоари за случајот со масовното силување
Жизел Пелико (73), Французинка која преживеала бројни силувања додека била без свест, објави мемоари во кои ги опишува траумите што ги претрпела и причините зошто решила да јавно да проговори.
Книгата „Химна на животот“, објавена во вторник, го следи случајот од 2024 година што ја направи Пелико глобален симбол на борбата против сексуалното насилство и ја поттикна Франција да ги реформира законите за силување, објави Ројтерс.
Објаснувајќи зошто се откажала од правото на анонимност, Пелико изјавила дека сака јавноста да ги види лицата на обвинетите и да се прашува како силувачите можат да бидат препознаени меѓу соседите и колегите.
Во своите мемоари, таа го опишала моментот кога полицијата ѝ покажала фотографии од неа во несвест во кревет со непознати мажи и рекла дека 53 мажи дошле во нејзиниот дом за да ја силуваат.
Покрај нејзиниот поранешен сопруг Доминик Пелико, уште 50 мажи беа осудени за силување.
Пелико пишува дека планира да го посети својот поранешен сопруг во затвор за да добие одговори на прашањата за злоупотребата и обемот на злосторството.
Како што рече, сила добила од илјадници писма за поддршка од жени од целиот свет и присуството на граѓани пред судницата додека траело судењето.
Во книгата, таа опишува и како повторно ја пронашла љубовта со маж што го запознала преку пријател, наведувајќи дека „вербата во луѓето станала нејзина сила и одмазда“.
Свет
Шефовите на AI компании и политичарите во Индија разговараат за регулирање на вештачката интелигенција
Вчера во Њу Делхи се отвори Светскиот самит за вештачка интелигенција (AI) за да се дискутира влијанието на претстојната револуција, од вработувањето до заштитата на децата, но учесниците се сомневаат дека ќе бидат преземени какви било конкретни мерки.
Се очекува околу дваесетина шефови на држави и влади да му се придружат на индискиот премиер Нарендра Моди на овој, четврти по ред собир посветен на технологијата што веќе ги трансформира општествата.

A handout photo made available by the Press Information Bureau (PIB) showing Indian Prime Minister Narendra Modi (2-R) after he inaugurates India AI impact Expo 2026 in New Delhi, India, 16 February 2025. India is hosting AI Impact summit 2026 from 16 February to 20 February 2026 in New Delhi. EPA/PRESS INFORMATON BUREAU HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
До петок во индиската престолнина се очекуваат и повеќето лидери во индустријата за AI, од Сем Алтман, раководител на OpenAI, до извршниот директор на Google, Сундар Пичаи и Јенсен Хуанг, извршен директор на Nvidia, американскиот гигант за микропроцесори.
„Овој самит треба да го збогати глобалното размислување за различни аспекти на вештачката интелигенција, како што се иновациите, соработката и нејзината одговорна употреба“, рече Нарендра Моди на X.
India AI Impact Expo 2026 was a powerful convergence of ideas, innovation and intent.
It showcased the extraordinary potential of Indian talent in shaping the future of Artificial Intelligence for global good.
Above all, it reaffirmed our commitment to harnessing AI… pic.twitter.com/jfVWCP4BHh
— Narendra Modi (@narendramodi) February 17, 2026
Тоа е исто така „доказ дека нашата земја брзо напредува во областа на науката и технологијата“ и „ги потврдува способностите на младите на нашата нација“, додаде тој.
Првите работилници и дискусии што се одржаа вчера го разгледаа потенцијалот на вештачката интелигенција за подобрување на безбедноста на патиштата во Индија и придонесот на жените од Јужна Азија во технолошкиот сектор.
Свет
Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина
Полската армија ги крена борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, објавија денес полските власти.
Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објавува полската ТВН24.
Поради воената операција, аеродромите во Жешово и Лублин беа привремено затворени, објави денес Полската агенција за воздушен сообраќај (ПАНСА).
Како што објавија украинските медиуми, руските војници утрово масовно ја напаѓаат Украина со ударни беспилотни летала, а во голем број региони е прогласена воздушна тревога, објавува Танјуг.

