Свет
Фон дер Лајен: Требаше да ги слушаме оние што го познаваат Путин
Шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, денеска посочи дека ЕУ требало повеќе да ги слуша оние кои со години предупредуваат за опасноста од режимот на рускиот претседател Владимир Путин.
„Една од лекциите од оваа војна е дека требаше да ги слушаме оние што го познаваат Путин. Ана Политковскаја (убиената руска новинарка) и руските новинари кои го разоткрија криминалот и го платија со своите животи. Нашите пријатели во Украина, Молдавија, Грузија и опозицијата во Белорусија, ги слушаме гласовите во нашата Унија, во Полска, балтичките земји и низ Централна и Источна Европа“, рече фон дер Лајен во нејзиниот говор за состојбата на Унијата.
„Со години ни кажуваат дека Путин нема да запре“, истакна таа. Таа додаде дека тие земји не само што предупредувале, туку и дејствувале со цел да ја прекинат зависноста од Русија, да инвестираат во обновливи извори на енергија, терминали за ЛНГ и интерконектори.
Мора да се ослободиме од руската зависност во цела Европа“, рече претседателот на Комисијата. Фон дер Лајен рече дека војната што ја започна Русија не е само војна против Украина, туку и војна против европската енергија, економија, вредности и иднина.
„Ова не е само војна што Русија ја започна против Украина. Ова е војна против нашата енергија, војна против нашата економија, војна против нашите вредности и војна против нашата иднина. Станува збор за автократија против демократијата“, рече таа во своето обраќање за состојбата на Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.