Свет
(Фото+видео) Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел висок околу пет километри

Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри. Облакот од чад и пепел од Етна продолжи да се движи во правец исток-југоисток, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.
This is a deposit
from
Volcano Etna👀👀🥶🥶 pic.twitter.com/2Ybtzpq7kD— nikola 3 (@ronin19217435) July 7, 2024
How the area around Mount Etna woke up this morning.
📍Etna, Sicily – Italy 🇮🇹
Coffee with a Volcano pic.twitter.com/aFsQGnLFc6
— Teta (@Asinvenger) July 7, 2024
ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.
Етна исфрлаше лава и пепел на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големата количина на пепел создадена од активноста на овој вулкан, пренесува Танјуг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Киев: Се’ уште не добивме одговор од Путин

Киев сè уште не добил никаков одговор од Москва за тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде на можни мировни преговори во Турција, изјави денеска украински функционер за АФП.
„Во неделата, претседателот Зеленски понуди средба во четврток“, рече изворот кој сакаше да остане анонимен, додавајќи: „До среда попладне, сè уште не добивме никаков одговор од Путин“.
Регион
Тинејџерка во Ровињ пријавила дека била силувана: отишла на државно натпреварување, била нападната во текот на ноќта

Хрватската полиција започна истрага откако малолетнича пријавила силување кое наводно се случило ноќта на 7 мај во станбениот комплекс во Истра каде што се одржувал државниот натпревар за средношколци.
Според „Јутарњи лист“, случајот го води Личко-Сењската полиција, со оглед на локацијата каде што е примена пријавата. Малолетничта пријавила силување во присуство на возрасен член на семејството, врз основа на што полицијата направила записник и веднаш започнала со преземање на други службени дејствија.
По анонимна дојава од загрижени родители според написите на „Јутарњи лист“ тие побарале итна истрага поради овој случај, бидејќи веруваат дека силувањето се случило поради небрежност на возрасните кои ги придружувале учениците на државниот натпревар.
Во писмото, тие ги наведуваат имињата на лицата (образовните работници) за кои сметаат дека не презеле основни мерки за заштита на малолетниците, односно ги оставиле без надзор во текот на ноќта.
Според нивните информации, настанот се случил помеѓу 00:30 и 03:30 часот, а околу 16:00 часот малолетничката се јавила кај својата пријателка и ѝ кажала што се случило.
Во тек е серија интервјуа, со оглед на големиот број луѓе кои дознале за случајот бидејќи се појавила паника и нервоза кај децата и родителите. Клучни ќе бидат наодите од гинеколошкиот преглед на жртвата, по што полицијата ќе го испраша осомничениот млад човек, пренесува медиумот.
Кога ќе заврши кривичната истрага, полицијата ќе поднесе извештај до надлежното државно обвинителство врз основа на собраните информации.
Свет
Новиот германски канцелар најавува историски потег: Ќе бидеме најсилната воена сила во Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го одржа своето прво големо обраќање пред парламентот откако ја презеде функцијата минатата недела, во време на подготовки за мировни преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул. Во говорот кој беше целосно обележан со безбедносни предизвици, Мерц нагласи дека Германија мора да преземе многу поактивна и поодлучна улога на глобалната сцена, особено во одбраната на Европа од руската агресија.
Во обраќањето пред парламентот, Мерц рече дека Германија ќе направи сè за да ги поддржи мировните напори, но исто така предупреди дека Западот не смее да се согласи на „диктиран мир“ или „статус кво воспоставен од Русија со сила“. Тој ја нагласи важноста на трансатлантското единство и директно му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата поддршка на иницијативата за прекин на огнот во Украина.
„Таквото примирје може да го отвори патот за вистински мировни преговори“, рече Мерц. „Од клучно значење е да не се дозволи политичкиот Запад да се подели. Ќе вложам максимални напори да го зачувам најголемото можно единство меѓу нашите европски и американски партнери.“
Мерц нагласи дека Русија „ги крши сите правила што го регулираат нашиот соживот во Европа од крајот на Втората светска војна“. Тој додаде дека „ништо помалку од мирниот ред на целиот наш континент не е во прашање“.
„Исходот од оваа војна нема само да ја одреди судбината на Украина“, рече тој. „Тоа ќе одреди дали владеењето на правото и меѓународниот поредок ќе преживеат во Европа и во светот – или дали тиранијата, воената сила и законот на посилниот ќе преовладаат.“
Во вториот дел од својот говор, Мерц се фокусираше на внатрешните безбедносни и одбранбени капацитети на Германија. Тој најави дека Бундесверот ќе биде систематски прошируван и финансиски зајакнат за да стане „најсилната конвенционална армија во Европа“.
„Сакаме да бидеме во позиција да можеме да се одбраниме – за да не мораме никогаш повеќе да се браниме“, рече канцеларот, додавајќи: „Силата одвраќа, слабоста повикува на агресија“.
Во преполниот парламент, оваа изјава беше поздравена со аплауз. Мерц нагласи дека ова е „ништо помалку од соодветно“ за најнаселената и економски најсилна земја во Европа.
Тој, исто така, најави воведување на нова, привлечна, доброволна воена служба за да се задоволат потребите на војската за персонал.