Свет
(Фото+видео) Невиден хорор во Рим: Пожар ја зафати болницата, пронајдени 3 мртви пациенти, а изгоре целата мртовечница
Тројца пациенти загинаа, додека повеќе од 200 беа евакуирани од болницата Тиволи во предградието на Рим каде што избувна голем пожар во текот на ноќта.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал во просториите на клиниката, кои се наоѓаат два ката под земјата, по што ги зафатил мртовечницата и првиот кат од болницата. Другите одделенија немаше да бидат погодени, но многу густ чад ја зафати целата болница, поради што беше потребна евакуација.
Најмалку еден од пациентите починал од недостаток на кислород.


Покрај тројцата повредени пациенти, пронајдено е и телото на едно лице кое било задржано во мртовечницата.
Јавното обвинителство во Тиволи отвори истрага за пожарот во болницата Сан Џовани Евангелиста и наредена е обдукција на телата на жртвите за да се утврдат причините за смртта.
🔴 #Tivoli, #incendio nell'#ospedale: morti
4 anziani, due uomini e due donne200 pazienti evacuati, anche bambini
Il rogo a San Giovanni Evangelista scoppiato nel centro “Rifiuti speciali” nei sotterranei
Due feriti gravi#9dicembre @vinmorgante #video @vigilidelfuoco pic.twitter.com/rdRZuiD1Jv— Tv2000.it (@TV2000it) December 9, 2023
Членовите на семејството на пациентот кој почина во Тиволи бараат итна истрага.
„Сакаме да се разјаснат причините за смртта на нашата мајка. Ни кажаа дека починала кога избувнал пожарот, но не од чадот. Таа имаше 84 години и имаше проблеми со белите дробови. Таа е хоспитализирана на третиот кат. Сега нејзиното тело е во болничката капела бидејќи не можело да се однесе во мртовечница“, велат членовите на семејството на жртвата Џузепине Фака.
Тврдат дека за трагедијата дознале од вестите.
„Ни кажаа дека нашата мајка не умрела од пожарот, иако починала во исто време. Ја сакаме вистината“, вели ќерката на жртвата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

