Европа
(Фото) Лифт падна од 20 метри во Стокхолм, внатре имало пет лица, сите загинале

Сите пет лица кои беа во монтажен лифт на градилиште во Шведска, загинаа во вчерашната несреќа, соопшти обвинителот. Властите претходно известија дека неколку лица се тешко повредени кога лифт паднал 20 метри во Сандбиберг, предградие на Стокхолм.
Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата, а работата на градилиштето е прекината. Вишиот надлежен обвинител Гунар Јонасон потврди дека во тек е прелиминарна истрага во која учествува и Националната комисија за несреќи поради сомнение за „нарушување на работната средина што предизвикало смрт на друго лице“.
„Ова е сериозен инцидент што сега го истражуваме“, рече тој. Додаде дека властите работат на утврдување на идентитетот на жртвите и воспоставување контакт со нивните роднини. Портпаролот на компанијата што го произведува лифтот за таблоидот Афтонбладет вчера изјави дека овој тип на лифт се користи ширум светот повеќе од 20 години и дека никогаш немало сличен инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Путин користи идиоти за да посее раздор меѓу Киев и Варшава

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека рускиот претседател Владимир Путин оркестрира обиди за создавање поделби меѓу Украина и Полска. Туск предупреди дека иако решението за војната во Украина можеби се приближува, Русија прави сè што може за да посее раздор меѓу Киев и Варшава.
Во остра порака, Туск нагласи: „Анти-полските гестови на Украинците и поттикнувањето анти-украински расположенија во Полска се сценарио на Путин, оркестрирано од странски агенти и локални идиоти. Секогаш истото“.
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Полска е еден од најважните и најверни сојузници на Украина. Сепак, кај некои делови од полското население расте незадоволството поради големиот број бегалци од соседната, воено разорена земја.
Овие тензии кулминираа со неодамнешен инцидент. На 9 август, најмалку 57 украински државјани беа наводно уапсени и депортирани од Варшава откако избувнаа немири на концерт на белоруски рапер.
фото: принтскрин
Европа
Германски министер за завршувањето на војната: Украинските отстапки се можни, но не сега

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Европа не е само набљудувач кога станува збор за иднината на Украина. По средбата со колегите од ЕУ, Вадефул изјави за германскиот јавен радиодифузен сервис ZDF дека Европејците цврсто стојат заедно и дека затоа нивните гласови ќе бидат слушнати и во Вашингтон и во Москва.
Тој најави серија онлајн-состаноци утре, организирани од германскиот канцелар Фридрих Мерц, на кои ќе учествуваат лидерите на Франција, Велика Британија, Италија, Полска, Финска, генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ, како и американскиот претседател, Доналд Трамп, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Важно е Трамп да го чуе европскиот глас и добро е што Германија јасно го пренесува. Европејците имаат голема тежина, едноставно затоа што имаат заеднички став“, рече тој.
Вадефул нагласи дека Европа останува јасна дека преговорите за иднината на Украина може да се одржат само по договорено и почитувано примирје и дека самитот в петок би можел да биде само почеток на дискусиите за условите за почнување мировни преговори.
„Самиот факт дека Украина сега е подготвена да разговара за статус кво е веќе отстапка бидејќи Русија ја окупира украинската територија кршејќи го меѓународното право“, рече тој. Тој нагласи дека одлуките за иднината на Украина може да ги донесе само Киев. „Европејците не може да дозволат некој друг да одлучи за тоа. Ние нема да го сториме тоа ниту, пак, САД можат“.
Тој додаде дека идниот мировен договор може да вклучува отстапки од украинската страна, но дека ова е прашање за кое ќе се одлучува подоцна. Разговорите оваа недела, рече тој, служат за создавање фер услови за овие преговори.
Вадефул заклучи дека иднината на Украина е поврзана со европската безбедност и дека европските лидери нема да стојат настрана додека одлуките се носат зад наш грб. „Европејците ќе продолжат да стојат покрај Украина, како што правевме во текот на целата војна“, рече тој додавајќи дека Германија останува на чело на таа поддршка.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива, а не за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската војска не се подготвува да ја заврши војната, туку презема чекори, што, како што вели тој, укажуваат на подготовки за нови офанзивни операции.
Во објава на социјалните мрежи тој им се заблагодари на лидерите на ЕУ за нивната поддршка за независноста и за територијалниот интегритет на Украина и нагласи дека единството на ставовите не смее да биде загрозено повикувајќи ги партнерите дополнително да го зголемат притисокот врз Русија.
I am grateful to the leaders of Europe for their clear support of our independence, territorial integrity, and precisely such an active approach to diplomacy that can help end this war with a dignified peace.
Indeed, we all support President Trump’s determination, and together…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 12, 2025
„Заедно разговараме за прашања што се однесуваат на безбедноста на Украина и на Европа. Секоја одлука мора да придонесе за нашите заеднички безбедносни капацитети. И ако Русија одбие да го запре убивањето, таа мора да ја сноси одговорноста за тоа“, рече Зеленски.
Тој исто така го поддржа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин. „Навистина, сите ја поддржуваме решителноста на претседателот Трамп и заедно мора да формираме ставови што нема да дозволат Русија повторно да го измами светот“, рече Зеленски.
Тој додаде дека сè додека војната и окупацијата продолжуваат, сите мора да продолжат со притисокот – преку воена сила, санкции и дипломатија. „Им благодарам на сите што помагаат. Мир преку сила“, заклучи украинскиот претседател.
фото: принтскрин