Свет
(Фото) Три кинески воени брода во близина на австралискиот брег

Три кинески воени бродови кои неодамна ги завршија вежбите во Тасманското Море повторно влегоа во Ексклузивната економска зона на Австралија, источно од брегот на земјата, јавува Еј-би-си.
Австралиското Министерство за одбрана ја потврди соработката со војската на Нов Зеланд за заедничко следење на флотилата на Народноослободителната војска на Кина и морнарицата (PLA-N) „во близина на австралиските поморски приоди“. „Групата 107 повторно влезе во ексклузивната економска зона на Австралија во раните утрински часови овој понеделник“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана објавено вчера попладне.
Како што објавија, Австралија очекува од сите војски кои дејствуваат во областа да се однесуваат транспарентно и да ги одржуваат највисоките стандарди за безбедност и професионализам. „Ги охрабруваме сите држави да одржуваат отворена комуникација за да се осигураат дека нивните акции ја поддржуваат регионалната безбедност и стабилност“.
„Го почитуваме правото на сите држави според меѓународното право на слобода на навигација и прелетување во меѓународните води и воздушен простор, исто како што очекуваме и другите да го почитуваат нашето право да го сториме истото“, соопшти Министерството, кое објави и нови слики на кинески воени бродови кои се „внимателно следени“ од австралиската и новозеландската војска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.