Свет
(Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи
Украинецот Јевхен Б. беше уапсен во Кројцлинген, а кој е осомничен дека дејствува како руски агент. Се вели дека набавил „GPS“ тракери за пробни пратки во Швајцарија.
Како што пишува „Блик“, неговиот профил е преполн со фотографии на кои е мускулест и се смешка во камерата. Селфито е воедно и последната фотографија што ја објавил пред апсењето.
Сепак, сега тој и уште двајца Украинци се обвинети за „тајни активности со цел саботажа“.
Тие наводно планирале „да предизвикаат пожари“ и „експлозивни напади“. Целта беше товарниот сообраќај во Германија. Според Федералното обвинителство, мажите биле во контакт со едно или повеќе лица кои работеле за руската тајна служба. Неколку недели пред апсењето, тие испратиле пакети со „GPS“ тракери, наводно за да ги извидат транспортните правци. Подоцна, според истражителите, тие сакале да испратат пакети што содржат запаливи и експлозивни материјали во Украина – и да ги разнесат на германска почва.
Ist der in Kreuzlingen verhaftete Ukrainer ein kaltblütiger Saboteur? Oder ein unschuldiger Mann? Blick hat seine Spuren verfolgt – und mit seiner Mutter gesprochen. https://t.co/x1huqFabta
— Blick (@Blickch) May 17, 2025
Во 2020 година, Јевхен Б. бил баран во Лублин, источна Полска. Приватно, тој изгледа како зависник од адреналин. Во објавите на Инстаграм, тој скока од авион, позира со боксерски ракавици или во џудо кимоно со бел појас.
Неговата мајка ги смета обвинувањата против него за апсурдни и тврди дека Јевен бил измамен.
Но, тој има врски со Русија. Една од неговите сестри живее во Москва. Неговата друга сестра живее на Крим, кој беше анексиран од Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

