Свет
(Фото) Mајките на загинатите војници шокирани од подарокот од партија на Путин за 8-ми март
Претставници на „Единствена Русија“, централнодесничарската партија на Путин, во градот Полјарне Зори во областа Мурманск им го честитаа Денот на жената на мајките на загинатите војници во војната со Украина, подарувајќи им цвеќе и мелници за месо, пренесува независниот портал „Медуза“.
Како што објави локалниот огранок на владејачката партија на својот профил на ВКонтакте, регионот ја започна кампањата „Цвеќе за мајките на хероите“, која се одржува на иницијатива на „Женското движење на Единствена Русија“.
Russia: Mothers and spouses of Russian fascists killed in the meat grinder in Ukraine awarded literal meat grinders.
$150 Luxper MG-2000S Meat Grinder pic.twitter.com/cLqUiS7m9M— Igor Sushko (@igorsushko) March 7, 2025
Во градот Полјарне Зори, на жените им беа врачени подароци од секретарката на локалниот партиски огранок, Ана Махунова, и од лидерот на градот, Максим Ченгаев.
Активистката Виолета Грудина истакна дека по бесот на социјалните мрежи поради несоодветноста на подарокот, партијата ги затвори коментарите на објавата. Наскоро, огранокот на Обединета Русија во регионот Мурманск објави видео со една од мајките, во кое таа им се заблагодарува за мелницата за месо, „која, во принцип, и треба“.
Ченгаев рече дека како дел од кампањата се „најавени низа подароци за апарати за домаќинство“.
I thought this was a joke.
But no.
Mothers of Russian soldiers killed in Ukraine were awarded meat grinders to celebrate women’s day in Murmansk oblast. pic.twitter.com/fL57CUeus7
— Natalia Antonova 🇺🇸🇺🇦 (@NataliaAntonova) March 6, 2025
Во стандардниот сет немало мелница за месо, но сопругата го побарала и, се разбира, не можеле да ја одбијат. Со голема почит и разбирање даваме индивидуална поддршка и помош на сите семејства на учесниците во СВО – рече тој.
Од партијата на Путин тврдат дека сега „се обидуваат да ја свртат честитката наопаку“ и повикаа „да не поддржуваат нехумани и провокативни толкувања“.
Повеќе од 95.000 луѓе кои се бореа за руската армија загинаа додека војната во Украина влегува во својата четврта година, објави Би-би-си минатиот месец. Оваа бројка не ги вклучува оние кои загинале служејќи во милицијата на самопрогласените републики во Донбас, а се проценува дека е меѓу 21.000 и 23.500. Би-Би-Си Русија, независната медиумска група Медијазона и волонтерите броат смртни случаи од февруари 2022 година.
Списокот ги вклучува имињата на починатите, кои Би-Би-Си вели дека ги потврдиле користејќи информации од официјални извештаи, весници, социјални мрежи и нови споменици и гробови. Се верува дека реалниот број на загинати е многу поголем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

