Европа
Франција го очекува обраќањето на Макрон
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, утрово во претседателската палата се сретна со локални и национални политичари, лидери на различи синдикати и компании по повод протести низ целата земја.
Емануел Макрон се подготвува да ѝ се обрати на нацијата вечерва, што ќе биде негово прво јавно појавување во изминатите десет дена, објави АП. Се очекува дека Mакрон ќе објави серија мерки насочени кон намалување на даноците и зголемување на куповната моќ за граѓаните кои веруваат дека ги поддржува богатите луѓе.
Чекорите што ги разгледува владата се укинување на данокот за прекувремени работни часови, даночните намалувања и бонуси за работниците со ниски приходи на крајот од годината.
Министерот за финансии, Бруно ле Мер, во четвртокот рече дека владата може да одложи некои даноци на приходи, но изрази отпорот кон враќање на даноците за богатите или намалување на даноците за пензионерите, кои се дел од барањата на демонстрантите.
Тој посочи дека мерките треба да се фокусираат на помагање на работничката класа. „Ние сме подготвени да направиме каков било гест што ќе донесе резултати”, изјави Ле Мер за радио РТЛ.
Она што е важно сега е да се стави крај на кризата и да се најде мир и единство во земјата, рече министерот.
Најмалку 71 лице беше повредено во саботните протести во Париз. На последниот протест во главниот град на Франција имаше околу 136.000 луѓе, бројката беше сличнаа како и претходната недела. Речиси 1 000 луѓе се наоѓаат во притвор по протестот во главниот град на Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

